Војската нема присилно да вакцинира против птичји грип
Не е точно изнесеното во објавата дека ќе се принудува населението присилно, со злоупотреба на војската да вакцинира со мРНК вакцина против птичји грип. Ниту еден извор во светот нема најавено присилна вакцинација преку војската од птичји грип. Дури и на сајтот на Европската комисија наведуваат дека набавката на вакцината е за оние кои се најмногу изложени на потенцијален пренос на птичји грип од птици и животни, како што се работниците на живинарски фарми и ветеринарите
Не е точно изнесеното во објавата дека ќе се принудува населението присилно, со злоупотреба на војската да вакцинира со мРНК вакцина против птичји грип. Ниту еден извор во светот нема најавено присилна вакцинација преку војската од птичји грип. Дури и на сајтот на Европската комисија наведуваат дека набавката на вакцината е за оние кои се најмногу изложени на потенцијален пренос на птичји грип од птици и животни, како што се работниците на живинарски фарми и ветеринарите
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
СПРЕМААТ НОВА ПЛАНДЕМИЈА СО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА ЗА ПРИСИЛНО БОЦКАЊЕ.Додека ве замајуваат со банални работи, СЗО до таканаречени влади, да се спремаат, за присилно боцкање на населението, за веќе најавена пландемија на “птичји грип” со експериментални mRNA “вакцини”.Инаку овој линк е под цензура за споделување, па се обидов со скринови. Линкот во коментар.Според д-р Питер Хотез, близок соработник на Бил Гејтс и Тедрос, тие сега се залагаат НАТО да се вклучи во милитаризацијата на следната вакцина mRNA што ќе се користи ширум светот.”“Истакнат лекар финансиран од Бил Гејтс повика да се распоредат полициските сили и војската како дел од напорите за борба против она што фармацевтската елита сега го нарекува „антивакцинска агресија“.”“Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс му обезбеди на доктор Хотез десетици милиони долари за производство на експериментални вакцини.“Покрај обложувањето на сопствените џебови, Хотез ги искористи парите за развој на вакцината Corbevax COVID-19, која се користеше во Индија, земја која Бил Гејтс ја смета за своја лична лабораторија.”“Сепак, д-р Хотез стравува дека неговиот авторитаризам, кој се бори против вакцината, ќе биде оспорен во јавноста.”
Финска планира да понуди превентивна вакцина против птичји грип на некои луѓе што работат со животни, со што Финска станува првата земја во светот која го прави ова. Нордиската земја купи вакцини за 10 илјади луѓе, секоја доаѓа во две дози, како дел од заедничка набавка на ЕУ земјите до 40 милиони дози за 15 нации од производителот CSL пишува Ројтерс.
Во Финска, што е првата држава што нуди превентивна вакцина против птичји грип, таа не е задолжителна и е наменета за оние што се во висок ризик да заболат од птичји грип поради тоа што работат во близок контакт на фарми со животни. Не е точно изнесеното во објавата дека ќе се принудува населението присилно, со злоупотреба на војската да вакцинира со мРНК вакцина против птичји грип. Ниту еден извор во светот нема најавено присилна вакцинација преку војската од птичји грип. Дури и на сајтот на Европската комисија наведуваат дека набавката на вакцината е за оние кои се најмногу изложени на потенцијален пренос на птичји грип од птици и животни, како што се работниците на живинарски фарми и ветеринарите.
Како што пишува Тајм магазинот, поради тоа што традиционалните вакцини против птичји грип одземаат месеци додека да бидат произведени, директорот на Центарот за контрола и превенција на болести на САД доктор Менди Кохен рекла дека агенцијата продолжува да инвестира во нови технологии, особено оние што ќе доведат до побрзо производство на дозите.
Целта е да имаме можност да напредуваме екстремно брзо, и сакаме тоа да го направиме со мРНК платформа која дозволува побрзо производство, рекла таа на 21 јуни годинава на здравствена конференција.
Како што извести Светската здравствена организација на 29 јули годинава, промовиран е нов проект кој цели да го забрза развојот и достапноста на кандидатите од мРНК вакцината за производство во земјите со слаб развој. Ова потврдува дека СЗО има намера да им помогне на нискобуџетните држави да добијат достапност до вакцини доколку идна пандемија на птичји грип ги загрози.
Инаку докторот споменат во објавата што ја рецензираме, Петер Хотез е жртва на антивакцинални движења кои го напаѓаат лично и професионално и во текот на ковид пандемијата, а и потоа. На 23 септември 2023 година прашан „што мисли дека ќе биде потребно за да се победи антинаучниот пристап во Канада“ тој изјави:
Ајде да ги вклучиме експертите што разбираат како оперираат опасните политички движења, како глобалниот тероризам или сајбер нападите и да добиеме знаење од нив, за тоа кои се некои од легалните нивоа на кои можеме да оперираме. Не знам дали СЗО сама по себе може да го направи ова, бидејќи се е толку поврзано со политиката. Ајде да ги донесеме другите агенции на Обединетите Нации како НАТО за навистина да ни помогнат да разбереме што ни се опциите и да направиме нешто за ова.
Воопшто не споменува никакво вакцинирање кое е присилно со мРНК вакцините против птичји грип.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар