Заев не може да ја бира опозицијата

Фото: Скриншот од фото на Влада на РСМ

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 10.03.2019 г., даде изјава во која запрашан дали се разговарало и за барањето на опозицијата да именува државен јавен обвинител одговори потврдно, но ја отфрла таквата идеја со образложение кое е недоследно во однос на политичките ветувања на СДСМ

 

Премиерот Зоран Заев по разговорите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја даде следната изјава која ја оценуваме како недоследна:

Ваква опозиција, којашто не носела свои ставови за својата земја, а требала да оформи ставови, со ваков однос каков што е, апсолутно ние не прифаќаме да биде предлагач на јавниот обвинител во Република Северна Македонија“, рече Заев.

Тој додаде дека тоа било нивно изборни ветување и оти се надева дека ќе има „достоинствена и конструктивна“ опозиција за да биде овластен предлагач на јавниот обвинител.

[ Извор: РСЕ – Заев – Ваква опозиција не може… датум, 10.03.2019]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 10.03.2019 г., даде изјава во која запрашан дали се разговарало и за барањето на опозицијата да именува државен јавен обвинител одговори потврдно, но ја отфрла таквата идеја со образложение кое е недоследно во однос на политичките ветувања на СДСМ.

Имено, во предизборната 2016 година, соочени со тешката криза во државата, која во еден добар дел беше предизвикана и со речиси целосната неактивност и неефикасност на Јавното обвинителство во однос на кривичните пријави поднесени и од опозицијата, но пред сè и поради неактивноста во однос на нелегално снимените материјали што како „бомби“ беа емитувани од тогашната опозиција, СДСМ во својата предизборна програма имаше конкретно ветување:

Ќе направиме сериозни реформи и во Јавното обвинителство. Министерот за правда нема да биде член на Советот на јавни обвинители. Основите за одговорност на јавните обвинители ќе бидат точно прецизирани и утврдени во Законот за јавно обвинителство, за да се спречи несовесното, непрофесионалното и партизираното работење на јавните обвинители. Ќе бидат прецизирани кратки рокови за постапување по поднесените кривични пријави.

Две години по преземањето на власта ќе содадеме правен основ јавниот обвинител на Република Македонија да се избира по предлог на опозицијата.

Ова ветување е запишано уште на почетокот на програмата План за живот во Македонија, на стр.31/32, во делот „Правда достапна за сите“ и под наслов „Го реформираме јавното обвинителство“.

Дали е тоа најдобриот начин за избор на државен јавен обвинител е прашање, но секако било дадено како предизборно ветување, со цел да се оствари онаа посакувана контрола врз власта (checks & balances) и од страна на опозицијата.

Со изјавата на Заев по лидерската средба, која упатува повеќе на желбата на премиерот каква опозиција би сакал, а не каква е избрана на гласање, на избори и на партиски конгреси, ваквата изјава може да се оцени како недоследна (и не само) во однос на ветувањето, за што веќе се произнесе и дел од јавноста.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Тео Блажевски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција