Заев: Од 10 мај молиме да бидат одземени мандатите

Зоран Заев. Фото: СДСМ

 

На 2 декември 2014 година лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција изјави:

Од 10 мај молиме да им бидат одземени мандатите на пратениците и поднесовме и оставки. Останува на парламентарното мнозинство и пред се на двотретинското мнозинство да ја донесе одлуката. Каква и да е одлуката ќе ја почитуваме. Нашите ставови се јасни. Петте барања провејуваат и во сите извештаи на ОБСЕ, ОДИХР, Европската унија и Стејт депарментот.

[Извор: Плусинфо, датум: 02.12.2014]

Зоран Заев. Фото: СДСМ
Зоран Заев. Фото: СДСМ

 

Образложение:

Оваа изјава може да се поткрепи со други негови искази и обраќања на првите луѓе на СДСМ со кои и официјално бараат одземање на мандатите. Уште првиот ден по завршувањето на предвремените парламентарни избори, кога СДСМ објави дека не ги признава, претседателот на партијата Заев рече дека нема да ги прифатат мандатите на пратениците од коалицијата на опозицијата.

Тој рече:

Бевме сведоци на поткуп на гласови и бројни нерегуларности, па поради тоа партијата и здружената опозиција не ги признаваат изборите и резултатите, и на парламентарните, и на претседателските избори.  Бараме итно техничка влада која ќе спроведе парламентарни и престедателски избори. Бараме и мора да се организираат избори на кои контролата ќе се врати кај народот.

Поради тоа и на 06.05.2014 година, а како што објави и националниот јавен сервис МТВ, кандидатите на СДСМ за пратеници во Собранието на нотар потпишаа дека се откажуваат од мандатите.

На оваа одлука претходеше седница на Извршниот одбор на партијата која се одржа на 01.05.2014 година, а како што пренесе Радио слободна Европа:

Централниот Одбор на СДСМ ја потврди одлуката на Извршниот одбор на партијата за враќање на 34-те пратеничките мандати и за непризнавање на изборните резултати.

Ова го потврдија и други медиуми, па така Телеграф на 01.05.2014 година извести:

По долга, и на моменти жестока дискусија, Централниот одбор на СДСМ реши да ги врати пратеничките мандати. Одлуката е донесена едногласно откако претходно поранешни пратеници и функционери бараа оставка од лидерот Зоран Заев и заменичката Радмила Шекеринска поради лошите изборни резултати.

Во прилог на тврдењето на Заев е и изјавата на членот на Извршен одбор на СДСМ  Рената Десковска дадена за Дојче Веле на 10.05. 2014 година во која вели дека верификација на мандатите на кандидатите за пратеници од опозицијата, и покрај нивните нотарски заверени изјави е уште еден доказ за самоволието, насилството и ароганцијата на власта.

 

Линк:

МРТ (06.05.2014): СДСМ ги врати мандатите!, [Пристапено на 03.12.2014], http://mrt.com.mk/node/8628

РСЕ (01.05.2014): СДСМ реши да ги врати пратеничките мандати, [Пристапено на 03.12.2014], http://www.makdenes.org/content/article/25367524.html

Телеграф (01.05.2014): КОНЕЧНА ОДЛУКА: СДСМ ќе ги враќа Мандатите, [Пристапено на 03.12.2014] http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/143826-konecna-odluka-sdsm-ke-gi-vraka-mandatite

Гласот на Америка ( 24.04.2014): Заев: СДСМ не ги признава изборите и бара нови со техничка влада, [Пристапено на 03.12.2014], http://mk.voanews.com/content/macedonia-elections/1902316.html

Дојче Веле (10.05.2014): СДСМ: Насилно верификувани мандатите на опозицијата, [Пристапено на 03.12.2014], http://www.dw.de/сдсм-насилно-верификувани-мандатите-на-опозицијата/a-17627170?maca=maz-TB_maz_utrinski-5917-xml-mrss

 

Оценил: Владо Ѓорчев

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција