Заев: Само мобилните оператори можат да дозволат за да се следи нивен корисник

Зоран Заев пред медиумите. Фото: СДСМ
Зоран Заев пред медиумите. Фото: СДСМ
Зоран Заев пред медиумите. Фото: СДСМ

 

Во текст на Плусинфо за мобилните оператори и нивната можност за прислушкување, во кој се тврди дека телекомуникациските оператори во Македонија молчат и не кажуваат дали ѝ помагале на македонската тајна полиција во повеќегодишниот скандал на прислушување, е пренесена изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

Само мобилните оператори можат да дозволат за да се следи нивен корисник, бидејќи корисникот на бројот се движи и постојано се менуваат базните станици кои го примаат и го испраќаат сигналот од мобилниот телефон, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во гостувањето на телевизија „24Вести“, пренесе Плусинфо.

[Датум: 12.02.2015 година, Извор: Плусинфо]

 

Образложение:

Во изјавата од универзитетскиот професорот по безбедност, Владимир Пивоваров, дадена уште во 2012 година, пред донесувањето на Законот за електронски комуникации, тој изјави дека МВР е единствениот овластен орган што ќе има право да презема мерки и активности за следење на комуникациите преку мобилните оператори. Освен тоа, наспроти досегашните искуства и регулативи од другите држави, МВР ќе има директен и постојан пристап до мрежата и опремата на мобилните оператори. Тоа значи дека од централата на МВР и Управата за безбедност и контраразузнавање, каде што постои опрема за прислушување, директно треба да се спроведе линк (преку т.н. систем на интерфејс), кој ќе се прикачи на опремата на мобилниот оператор и без негово знаење и дозвола ќе може да симнуваат информации за секого.

По три години неговата изјава се потврди, а тоа го пренесе новинската агенција „Мета“:

Кога се носеше законот, јас бев против. Но, операторите се изземени од можноста за кривично гонење. За прислушувањето да биде легално, мора да има налог од јавен обвинител, прифатен од судот. Сè друго би било во рамките на недозволеното. Овие снимки што ги објави лидерот на опозицијата е можно да се снимаат само од нашите служби затоа што странец не би прислушувал толкава група луѓе. Како и да е, сепак, без операторите во Македонија, тоа не би било можно.

Членот 175 од Законот за електронски комуникации вели дека операторите се должни да ги обезбедат техничките услови за следење на комуникациите во нивните мрежи, во согласност со Законот за следење на комнукациите.

Опремата, според ставот 2 од членот 175, наложува операторите сами, на сопствен трошок, да ја обезбедат и одржуваат опремата, соодветниот интерфејс и да воспостават електронски комуникациски водови за пренос до надлежната институција (орган) овластен за следење.

Во врска со ова, членот 12 од Законот за следење на комукации вели дека истражниот судија ќе го одбие барањето за следење на комуникациите ако тоа се однесува на комуникациите на адвокатот определен за бранител со лицето чии комуникации се предмет на следење, на комуникациите што се вршат во службените простории на претседателот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија и на комуникациите што се вршат во службените простории на пратениците во Собранието на Република Македонија.

 

Линкови:

Мета (12.02.2015) Апсурд: Законски е да се прислушува преку мобилните оператори! [Пристапено: 13.02.2015] http://meta.mk/apsurd-zakonski-e-da-se-prislushuva-preku-mobilnite-operatori/

Плусинфо (12.02.2015) Мобилните оператори молчат за незаконското прислушување [Пристапено: 13.02.2015] http://plusinfo.mk/vest/14692/mobilnite-operatori-molcat-za-nezakonskoto-prislushuvanje-

Закон за електронски комуникации [Пристапено: 13.02.2015] http://mioa.gov.mk/files/pdf/dokumenti/zakoni/zek/Zakon%20za%20elektronskite%20komunikacii_2014.pdf

Закон за следење на комуникациите [Пристапено: 13.02.2015] (http://mioa.gov.mk/files/pdf/dokumenti/ZAKON_ZA_SLEDEWE_NA_KOMUNIKACIITE.pdf)

 

Оценил: Владо Ѓорчев

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција