Зоран Шапуриќ
Министер без ресор во Владата на Зоран Заев од 2017 година
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
– Роден е во 1958 г. во Ниш, во тогашна Социјалистичка Република Србија.
ОБРАЗОВАНИЕ
-Основното образование го завршил во Струмица, а во Скопје ги завршува средното и високото – дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ. Подоцна на УКИМ стекнува и последипломско образование, вклучувајќи и докторат
КАРИЕРА
-Во осумдесетите и почеток на деведесетите години на минатиот век работел како приправник во Уставниот суд на СРМ, во компаниите МЗТ Комерц и МЗТ, а бил и заменик генерален директор на Јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“ од Скопје
-По 2005 г. влегува и во образованието и според официјална биографија бил/е доцент, вонреден и редовен професор на Американ колеџ, каде предава повеќе предмети од областа на животната средина, но и од правото на локалната самоуправа и од уставното право
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
-Дел е од раковдството на Либерално-Демократската партија
-Во последните 20 години има активна политичка кариера, од Претседател на Општина Кисела Вода, пратеник во Собранието на РМ од 1984 до 1998, до Министер за животна средина од 2004 до 2006 година
– Избран е за министер без ресор во Владата на РМ Зоран Заев на 31.05.2017 г.
ИЗВОРИ:
– Собрание на РМ – Предлог за состав на Влада на РМ
– Министерство за животна средина и просторно планирање
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар