Зоран Ставрески: Македонија е најмалку задолжена земја од сите земји на регионалниот самит

Зоран СтавревскиЗадоволство беше да се слушне од повеќе страни дека Македонија во делот на макроекономските показатели и нивото на задолженост, буџетскиот дефицит стои многу подобро од другите земји во регионот. Македонија е најмалку задолжена земја од сите земји коишто се присутни на овој регионален самит и тоа беше потенцирано како една добра карактеристика на македонската економија. [Датум: 14.06.2013 | Извор: Сител Телевизија]

Образложение:

На регионалниот самит кој што се одржа во Црна Гора, покрај македонските, учествуваа претставници на шест други земји од регионот, Црна Гора, Србија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

Во врска со задолженоста на земјите, според последниот извештај на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) од април оваа година, Македонија со 34,3% од БДП го зазема првото место на најмалку задолжени земји во друштво на наведените држави присутни на самитот (со напомена дека за Косово не можат да се најдат релевантни податоци). Потоа следуваат БиХ со 42,1%, Црна Гора со 52,9%, Хрватска 59,5%, Албанија со 61,7% и Србија со 64,6%.

National debt - IMF

Според тоа, може да се заклучи дека оваа изјава на министерот Ставрески е вистинита.

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција