Зоран Ставрески: Македонскиот БДП лани е меѓу најдобрите во Европа
Македонскиот БДП лани е меѓу најдобрите во Европа. Истовремено претставува и остварување на владината проeкција. [Датум: 23.03.2012 | Извор: Сител Телевизија]
Образложение:
Според информациите, со порастот од 3% на бруто домашниот производ кој Македонија го забележи во 2011 година, земајата се наоѓа на 10 место во Европа според растот на БДП. Од европските земји, подобри резултати од нашата земја за 2011 година имаат Естонија (7,6%), Турција (7,5%), Литванија (5,9%), Летонија (5,5%), Полска (4,3%), Шведска (3,9%), Словачка (3,3%), Австрија (3,1%) и Исланд (3,1%). Просечниот БДП за Европската Унија за 2011 година изнесува 1.5%. Десеттиот резултат е еден од подобрите во Европа, но и не може да се протолкува како еден од најдобрите. Ако се земе во предвид дека прогнозите за раст на Владата на почетокот од 2011 година изнесуваа 3,5%, имаме отстапување од 0,5%. Според ова, може да се смета дека изјавата на министерот Ставревски е делумно вистинита, односно резултатите се блиску до проекциите, но не се совпаѓаат во целост.
Линкови:
- European Commission: Real GDP growth rate – volume
- Утрински Весник (14.01.2012): „Дун и Брадстрит“: Прогнозите за раст од 3,5 отсто се преоптимистички.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар