Звонко Пекевски
Звонко Пекевски e градоначалник на Oпштина Берово
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Звонко Пекевски е роден на 16.02.1974 година. Оженет е и татко на две малолетни деца.
ОБРАЗОВАНИЕ
Дипломира на Економскиот факултет – Прилеп при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и се стекна со звање дипломиран економист – Статистичко кибернетичка насока.
Покрај ова е и Овластен проценител и Овластен сметководител.
КАРИЕРА
2001-2005 – Референт за финансирање и буџет во ЕЛС Општина Берово
2005-2017 – Раководител на Одделение за финансиски прашања во ЕЛС Општина Берово
На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина Берово.
ИЗВОРИ:
Веб-страница на Општина Берово: Градоначалник
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар