Андреј Жерновски: Енергетско ефикасни фасади

544346_560324117331196_501608774_n_941937Целосна реализација на замената на постоечките дотраени фасади на колективните станбени згради со енергетско ефикасни фасади заедно со замена на дотраената столарија во соработка со сопствениците на становите. Со овој проект во наредните 4 години ќе бидат опфатени над 60 колективни станбени згради.

 

 Образложение:

 

Во почетокот на октомври  2013 година  во Општина Центар официјално започна проектот за  менување на дотраените фасади на постарите згради заради подобрување на нивната енергетска ефикасност. Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски тогаш изјави:

 „Почнуваме сега, а проектот ќе се реализира во континуитет и на околу 40 – 50 згради ќе им биде сменета фасадата до крајот на мојот градоначалнички мандат. Она што е најзначајно – ќе се заменат постоечките дотраени фасади на колективните станбени згради со енергетско ефикасни фасади, заедно со замена на дотраената столарија во соработка со сопствениците на становите. Ова ќе значи заштеда. Сметките за греење ќе бидат за една третина пониски“

Како што беше соопштено, објектите кои ќе бидат реконструирани во рамки на проектот се избираат по пат на конкурс, при што на првиот се избрани 13 згради [Пристапено на: 27.03.2015]

 

Со прес-конференција на отворено, градоначалникот на Центар на 3.02.2014 година официјално го означи завршувањето на работите на реконструкцијата на  станбената зграда на булеварот „Св. Климент Охридски“, наречена „Папагал“, која доби термичка изолација и нов лик. Во рамките на проектот уште 11 други станбените објекти во општината ќе добијат термичка изолација. [Пристапено на: 27.03.2015]

 

Во ферруари 2014 година дел од медиумите информираа дека  од доаѓањето на новото раководство на Општината  (април 2013 година), завршено е фасадирањето на две згради, а за 2014 година обезбедени се средства и испланирана е изведба на уште 11 нови енергетско-ефикасни фасади. Започната е обновата на фасадата на зградата на булеварот Илинден, а планирани се нови фасади и на згради на булеварите св. Климент Охридски, Рузвелтова, Мито Хаџивасилев-Јасмин и на улиците Борка Талески, Цицо Поповиќ, Пиринска, Иван Милутиновиќ, 11 Октомври и Рајко Жинзифов.  [Пристапено на: 27.03.2015]

 

Во јули 2014 година жителите на зградата на улицата Франклин Рузвелт бр. 46, добија обновена фасада со „живи“ бои, избрани во договор со станарите. Ова е четврта енергетско ефикасна фасада од планираните 11 фасади кои во договор со станарите ги изведува Општина Центар. [Пристапено на: 27.03.2015]

 

На 18 февруари 2015 година од Општина Центар информираа  дека  привршува фасадирањето на зградата што се наоѓа на улицата „11 Октомври“ бр.38, спроти ЗОИЛ Македонија.  И новата енергетски ефикасна фасада, го задржува автентичниот изглед на зградата. Гаѓаните  избраа бојата на фасадата да биде бела, акцентирана со темновиолетова и бордо боја.  Ова е осма зграда во Општината Центар што добива нова фасада. [Пристапено на: 27.03.2015]

 

На 27 февруари 2015 година градоначалникот  Жерновски  ги информирал граѓаните од Општината  дека локалната самоуправа годинава ќе инвестира во реконструкција на надворешноста на седум станбени згради .Тој најавил дека општинскиот Совет набрзо ќе одлучува за четири од предвидените седум објекти.

Од Општина Центар информираат дека  во моментот се  работи  на реконструкција на надворешниот изглед на станбената зграда на улицата „11 Октомври“. Оттаму најавуваат  дека следна за санација ќе биде фасадата на  Поштенска зграда, а во наредниот период ќе бидат завршени сите 13 објекти што беа избрани на првиот конкурс. [Пристапено на: 27.03.2015]

Со оглед на тоа дека проектот е во фаза на реализација, според Методологијата на „Вистиномер“ добива оценка „во тек“

Линкови:

 

Оценето од:  Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција