Село Гргурница со ново основно училиштe
Ветување: Изградба на основното училиште во село Гргурница
Буџет: 46 милиони денари
[Извор: Овие се приоритетите на градоначалникот на Општина Брвенце, Енвер Пајазити; Датум: 18.01.2018]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Општина Брвеница Енвер Пајазити, за изградба на ново основно училиште во село Гргурница дадено за локалните избори 2017, е исполнето.
На 08.03.2019, на официјалната Фејсбук страница на градоначалникот Енвер Пајазити беше соопштено за свеченото отворање на училиштето:
Градоначалникот на Брвеница Г-н Енвер Пајазити по повод отворањето на новото училиште во Гргурница истакна дека отворањето на ова училиште е задоволство затоа што истото училиште е ветено од 2000 година и ние денес го правиме овој проект реалност благодарение на помошта и билатерална соработка со Европската унија, Светската банка и централната власт.
По повод свечено отворање на основното училиште беа присутни и тогашниот министер за финансии, Драган Тевдовски, шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар и претставникот на Светска банка, Беким Имери. Тие беа придружени од министерот за образование Арбер Адеми, и заменик министерот за финансии Ширет Елези.
Мора да кажеме дека на почетокот на годината имаме одлична имплементација на Проектот за подобрување на комуналните услуги. Инвестирани се над три милиони евра во 27 општини во изградба на локални патишта, водоснабдување, зелен пазар, гимназија, комунална зграда. Преку Проектот за подобрување на комуналните услуги сакаме да обезбедиме подобри услови за живот за сите граѓани во сите општини во земјата,истакна министерот Тевдовски.
А изјава даде и шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар:
Овој проект е веројатно мал, но од големо значење за учениците од Гргурница. Тие сега имаат училиште каде покривот не протекува, ѕидовите не се студени во зима, а тоалетите не се надвор од училиште. На децата им треба соодветен простор за да ги поминат училишните денови развивајќи го својот потенцијал и самодоверба.
Вкупната површина на училиштето е 840 метри квадратни, а освен училниците и лабораториите, има и административни и санитарни простории. Вкупната вредност на овој проект изнесува 46 милиони денари.
Имајќи ги предвид проверката и информациите обезбедени од „Вистиномер“, ова ветување на градоначалникот на Брвеница, Енвер Пајазити за изградба на ново основно училиште во село Гргурница, го оценуваме како исполнето.
ИЗВОРИ:
- Oфицијална Фејсбук страница на градоначалникот на Брвеница, Енвер Пајазити – [Проверено на 18.10.2019]
- Општина Бервеница – Официјална веб страница 2019 – [Проверено на 18.10.2019]
- Миа (08.03.2019) – Ново училиште за 200 ученици во Гургурница – [Проверено на 18.10.2019]
- Порталб (18.01.2018) – Приоритетните ветувања на градоначалникот на Брвеница, Енвер Пајазити – [ Проверено на 18.10.2019]
Оцени: Дрилон Салиу
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар