Изгрaден е Mостот на демократијата во Гостивар

bdi-large

 

Проект: Изградба на мост над реката Вардар

Буџет: Над 1 милион евра – Фонд за инфраструктурен развој на општините

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во предизборната кампања на локалните избори 2013 г., Невзат Бејта, градоначалникот на Општина Гостивар, во својата програма „Заедно градиме“ ( стр. 112, во делот „Модерна инфратруктура и чиста средина“ ) вети реализација на проектот „Мост над Вардар“ во Гостивар. Целта беше да се отвори еден нов пат преку кој ќе се изгради и мост, кој ќе ги поврзува двете главни точки на градот, улица „ЈНА“ со улицата “Живко Брајковски” од другата страна на реката,  односно со населбата Дутлок. Иако со задоцнување од речиси 3 години, изградбата на мостот е исполнето ветување на градоначалникот Бејта.

На 15 јули 2013 г., Невзат Бејта, во согласност со Општина Гостивар инаугурираше почетокот на проектот, кој според него, требаше да заврши пред крајот на неговиот мандат како градоначалник на Општина Гостивар.

Јас како градоначалник дојдов сам и контактирав со жителите на ова населба. Тие се согласија да се отвори патот, бидејќи истиот е во нивниот интерес.

Две месеци подоцна, на 14 септември 2013 година, заврши првата фаза на реализација на овој проект. Тогаш градоначалникот на Општина Гостивар рече:

Им се заблагодарувам на жителите на населбата кои по своја волја ги напуштија нивните имоти за да се отвори патот. Ние иако ветивме, работата на терен не одеше како беше посакувано. Канализацијата не беше прилагодена и ние ги заменивме и канализационите цевки, со што го отворивме патот, ги завршивме тротоарите и го асфалтиравме патот.  

Со изградбата на овој пат, се очекуваше да започне и втората и последна фаза на проектот, која се очекуваше да заврши во 2014 година.

Изградбата на мостот не заврши во 2014 година, затоа пак реализацијата на ветувањето започна повторно две години подоцна (26.03.2016), кога градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта, изјави дека проектот заради кој беше објавен тендерот, се очекува да се пушти во употреба за неколку месеци. На 23 март 2016 година Пајтим Саити од Економското биро за локален развој и имплементација на проекти во Општина Гостивар,  изјави дека изградбата на мостот е приоритетен проект и се работи на негова реализација.

На 25-ти март 2016 г. се постави камен-темелникот за изградбата на новиот мост над река Вардар, именуван како „Мост на демократија“. Во тоа време Бејта посочи дека средствата за изградба на мостот се во вредност од 23.600.000 денари, а се обезбедени во форма на кредит од Фонд за инфраструктурен развој на општините, преку една комерцијална банка акредитирана од страна на оваа институција, и дека според динамиката се очекува мостот да биде изграден во рок од шест месеци.

Конечно, на 12 март 2017 година, медиумите информираа дека се пушти во употреба мостот со 4 сообраќајни ленти во Гостивар. По тој повод, градоначалникот Бејта рече дека овој проект беше изборно ветување на изборите во 2013 година, и дека се чуствува задоволен поради тоа што ово ветување стана реалност.

На изборите во 2013 година мое мото беше „Јас си го сакам Гостивар“. Јас продолжувам да го сакам Гостивар, и верувам дека со вашата подршка ќе продолжиме да работиме Гостивар да биде сличен како западните градови

Според информациите од општината, изградбата на мостот и на новиот пат заедно со фекалната и атмосферската канализација, јавното осветлување и тротоари, достигнуваат вкупна инвестициска вредност од над 1 милион евра. Мостот на демократијата е долг 42 метри, а широк е 20 метри. Градени се четри сообраќајни ленти широки по 3,50 метри, 2 велосипедски патеки широки по 1,5 метар и два тротоара со широчина од по два метра од двете страни на патот.

Имајќи ја предвид горенаведената проверка на информациите, ветувањето на градоначалникот н Општина Гостивар за „Изградбата на мост во Гостивар“ со задоцнување од речиси 3 години, е исполнето ветување на градоначалникот Бејта.

Напомена: Ова што го читате е втора проверка на ветувањето. „Вистиномер“веќе го оценуваше ова ветување пред речиси една година во текстот „ Не е изграден мостот во Гостивар“, при што тогаш оценката на ветувањето беше неисполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *