Кина не го одбила дипломатскиот статус на фон дер Лајен, ниту, пак, таа чекала ред со редовните патници

Фото: uroparl.europa.eu

Објавата погрешно интерпретира настан стар повеќе од една година, односно поестата на претседателката Урсула вон дер Лајен на Народна Република Кина. Никаде не се споменува дека ѝ бил одбиен дипломатскиот статус, или дека воопшто имало протоколарни проблеми при влегување во државата. A, не е точно дека претседателката била во посета на Кина оваа година кога се случила наводната ситуација

Објавата погрешно интерпретира настан стар повеќе од една година, односно посетата на претседателката Урсула вон дер Лајен на Народна Република Кина. Никаде не се споменува дека ѝ бил одбиен дипломатскиот статус, или дека воопшто имало протоколарни проблеми при влегување во државата. A, не е точно дека претседателката била во посета на Кина оваа година кога се случила наводната ситуација

 

 

Рецензираме објава на социјлната мрежа Фејсбук

Деновиве Урсула Фон дер Лајен ја посети Кина. 

Кинезите ја упатиле да чека во ред за пасошка контрола заедно со регуларните патници. 

Понижување!

Одбиле да и признаат дипломатски статус.

Зошто?

Затоа што дипломатите доаѓаат од земји, а ЕУ не е земја и нејзините функционери не можат да уживаат дипломатски статус.

Во објавата има неколку спорни факти. За почеток, од она што може да се види на сајтот на дипломатскиот сервис на Европската Унија, последниот пат кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, била на посета во Народна Република Кина е пред крајот на ланската 2023 година. Поточно, за време на ЕУ – Кина самитот во Пекинг, кадешто присуствувал и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. За оваа ппосета не може да се најде објава дека ѝ бил одбиен дипломатскиот статус фон дер Лајен, ниту дека ја поминала пасошката контрола со регуларните патници.

Дополнително, ова било втор пат претседателката да е во посета на Кина. Првата посета ја има остварено во април 2023 година во исто време како и фрнцускиот претседател Емануел Макрон

Оттука, односно од оваа посета настанува цела заблуда.

Во дигиталниот весник од Вашингтон, Политико, пишуваат за посeтите на претседателите фон дер Лајен и Макрон, односно на контрасниот пречек што го добија двајцата:

Францускиот претседателот Емануел Макрон беше подложен на целосниот третман на „црвениот тепих“ оваа недела во Пекинг, беше на државен банкет и пречекан со воени паради и пукање со топови на плоштадот Тјенанмен. Кога авионот на Макрон слета, кинескиот министер за надворешни работи лично го пречека.

Кога пристигна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја пречека министерот за екологија – на редовниот патнички излез

Како што може да се види на сликата, претседателката навистина е пречекана од министерот за екологија Хуанг Ранчу на платформа што наликува на обичен патнички излез. Иако се пишува дека на редовниот патнички излез е пречекана, тоа не значи дека поминала „пасошка контрола заедно со регуларните патници“ бидејќи од кинескиот протокол „одбиле да и признаат дипломатски статус.“

Треба да се напомене прво дека за дипломатските мисии на ЕУ раководи т.н. EEAS (European External Actions Service) или Европска служба за надворешно дејствување. Иако ЕУ и Европската комисија имаат дипломатски активности предводени од EEAS, тие немаат типичен дипломатски статус како што би имале како државни претставници на една нација (на пример амбасадорска позиција), препишана од Виенска конвенција за дипломатски односи. Без разлика на тоа, обично се договораат дипломатски протоколи за ослободување на високи претставници од стандардните процедури за имиграција. Овие посети обично однапред се координираат помеѓу земјата домаќин и делегацијата во посета за да се обезбеди непречена и сигурна посета. Во случајот на ЕУ делегати, тоа се спроведува со „EU laissez passer“ документот. 

Во таа насока, доколку вакиот протокол бил непосредно променет или прекршен, така што претседателката би пoминала пасошка контрола за регуларни патници, тоа би претставувало дипломатски скандал којшто сигурно ќе го покриеа медиумите. Факт е дека ниту еден медиум не пишува дека ова се случило, а ни фон дер Лајен, на прес-конференцијата пред крајот на посетата, ништо не забележува ништо на оваа тема.

Впрочем, самата објава е контрадикторна затоа што воедно пишува „затоа што дипломатите доаѓаат од земји, а ЕУ не е земја и нејзините функционери не можат да уживаат дипломатски статус,“ а претходно вика дека непостоечкиот дипломатски статус бил одбиен. 

Како што беше напоменато, неспорно е дека имале драстично различни посети претседателката фон дер Лајен и претседателот Макрон. За ова говори и фактот што Политико пишуваат за медиумската атмосфера околу посетата: „додека државните медиуми ја акцентираат кинеско-француската врска, кинеските социјални медиуми го демонизираа фон дер Лајен како американска марионета“. 

Но, она што се истакнува во објавата е далеку од реалноста.

Затоа, имајќи ги предвед изложените аргументи погоре, оваа објава е невистинита. Не е точно дека претседателката фон дер Лајен била во посета на Кина оваа година, ни се прецизира кога се случила наводната ситуација, ниту, пак, има докази дека воопшто имало проблеми со протоколот.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција