Коста Јаневски
Коста Јаневски e градоначалник на Oпштина Струмица
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Коста Јаневски е роден на 13.05.1960 година во Штип.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основно и средно училиште завршил во Струмица, а Медицински факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
КАРИЕРА
По завршувањето на факултетот се вработил во Општата болница во Струмица, а во 2002 година го доусовршил своето образование со специјализација по интерна медицина.
Во 2009 година беше избран за член на Советот на Општина Струмица. По четиригодишниот мандат, во 2013 година повторно беше избран за член на Советот на Општина Струмица.
Во 2016 година беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.
Функцијата градоначалник на Општина Струмица започна да ја извршува на 20 октомври 2017 година.
ИЗВОРИ:
Веб-страница на Општина Струмица: Градоначалник/Биографија
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар