Не е изградена индустриската зона во село Речица, Куманово

sdsm-logo

Општина Куманово има потреба од зголемени домашни и странски инвестиции што ќе придонесе за отворање на нови работни места и ќе претставува двигател на екомскиот развој.

Решение 1: Изградба на современа урбанизирана технолошко-индустриска развојна зона во атар на село Речица од 60 илјади метри квадратни која ќе има излез на автопатот Е75 (Скопје – Белград). Ќе има обезбеден пристап до водовод, електрична енергија, канализација и гас со што ќе се создадат услови за привлекување на поголеми инвеститори во Општината. Во рамките на оваа технолошко – индустриска 11 развојна зона ќе има можност да се отворат 60 стопански објекти со проекција од 2500 до 3000 нови вработувања.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на современа урбанизирана технолошко-индустриска развојна зона во атар на село Речица е неисполнето ветување на градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски. Проектот е дел од неговата предизборна програма за локалните избори 2013 година, насловена како „Иднината сега! Време е!“ (стр.10).

Ова ветување Дамјановски го дал и за време на предизборната кампања на 05.03.2013 година.

На средбата со симпатизерите и членовите на СДСМ во населбата Ајдучка  Чешма, градоначалникот Зоран Дамјановски вети изградба на индустриска  зона во селото Речица во која ќе работата 60 компании и ќе се отворат  2500 нови работни места, јави порталот Кумановоњуз.

На 18.09.2013 година, порталот А1он објави информација дека Општина Куманово продава парцели од индустриски зони, меѓу кои и во атарот на село Речица.

Дамјановски на бизнисмените им ги понуди поволностите кои што може да ги добијат доколку се одлучат, по пат на електронска лицитација да дојдат до парцели во зоната, на касарната „Христијан Тодоровски-Карпош“ и кај касарната во атерот на село Речица.

Електронската лицитација за продажба на 11 парцели, ќе започне од понеделник, додека останатите парцели ќе бидат изложени наредните месеци, зависно од интересот. Почетната цена на аукцијата е едно евро од м2, со депозит 30 проценти од предвидената цена, која ќе им биде вратена доколку изгубат на лицитацијата.

На 07.11.2013 година Канал 5 телевизија објави дека тогашниот министер за транспорт и врски, „Миле Јанакиески и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, влегле во судир за индустриската зона Речица“.

Наместо по едно евро од метар квадратен почетна цена за државно земјиште во индустриската зона Речица како што неодамна најави градоначалникот на Куманово пред бизнис заедницата, парцелите ќе се продаваат од 4 до 14 евра. Општината такви инструкции добила од министерството за транспорт и врски бидејќи земјиштето било со компатибилни намени затоа што се однесува не само на индустијата, туку ќе бидат застапени и комерцијални содржини.

На 21.01.2014 година, Радио Слободна Европа информира дека Центарот за развој на североисточен плански регион потпишал договор за соработка со Германско друштво за меѓународна соработка за четири проекти, меѓу кои и за изградба на инфраструктура во индустриската зона во кумановското село Речица.

Со оглед на неизвесната судбина на индустриската зона во селото Речица, поради спорот помеѓу локалната самоуправа Куманово и државните институции, запрашан што ќе се случи со проектот, Протиќ вели дека нив не ги интересира политиката.

На 10.09.2014 година, МРТ извести дека Општина Куманово објавила втор оглас за индустриската зона во Речица.

Општината Куманово го повотори огласот за јавна лицитација на земјиште во индустриската зона Речица, откако на првиот повик не се јави ниту еден понудувач. На актуелниот конкурс повотрно се лицира за три парцели наменети за изградба на хотел, комерцијален комплес и отварање на фабрики од областа на лесна незагадувачка индустрија.

На 10.12.2014 година, порталот Кумановоњуз информира дека Oпштина Куманово по третпат објави лицитација за индустриската зона во село Речица, откако на првата не се пријавиле инвеститори, а на втората единствениот заинтересиран немал комплетна тендерска документација. Понудени биле пет парцели со различна големина лоцирани покрај автопатот Куманово – Табановце.

Се надеваме дека во третиот обид некоја од овие парцели ќе биде продадена. Ќе се создадат услови за формирање на индустриска зона на посочената локација. Јавната објава трае 40 дена, лицитацијата ќе биде електронска и ќе видиме со јавно наддавање кој ќе биде најуспешен. Има парцели од 6000, 7000, 13000 метри квадратни зависно од намената – изјави Лидија Ланг Спасовска, раководител на сектор за урбанизам во општина Куманово.

На 24.06.2017 година, порталот Курир, пренесувајќи прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека „Наместо индустриска зона, Дамјановски остава празна ливада“.

За жал, може да се констатира дека таканаречената индустриска зона на ДАМЈАНОВСКИ е само уште едно негово промашено ветување на хартија. Таму денеска, освен празна ливада и некосена трева, не може да се види ниту еден започнат инфраструктурен проект, кој би требало да го реализира локалната самоуправа, се со цел привлекување на инвеститори. На ливадата која требаше да биде индустриски капацитет, нема ниту приклучок за вода, канализација, струја, ниту пак е направен некаков пристапен пат.

На интернет пребарувачите, како и на официјалната страна на Општина Куманово никаде не може да се најде информација од типот дека индустриската зона во Речица е изградена или дека фирми отвориле таму свои претставништва.

Имајќи го предвид сето ова, како и фактот дека мандатот на градоначалниците е формално истечен ( тој фактички е продолжен  до 15 октомври 2017 година, кога треба да се одржат локалните изабори), може да се заклучи дека  ветувањето на Дамјановски за изградба на современа урбанизирана технолошко-индустриска развојна зона во атар на село Речица, е неисполнето .

 

 ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *