Училиштето „Кирил и Методиј“ во Општина Гази Баба доби нов кров и подови
Реновирање, односно замена на покрив и на подови во ОУ „Кирил и Методиј“. (Рок: септември 2016 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, за локалните избори во 2013 година вети „замена на покрив и на подови во ОУ „Кирил и Методиј“, со рок на реализација септември 2016 година. Ова изборно ветување на Трајковски, дадено во неговата изборна Програма : „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Гази Баба“ (стр.24), е исполнето.
Споменатото основно училиште кое се наоѓа во селото Стајковци, според информациите објавени во медиумите, е реновирано летото 2016 година.
Нов покрив и под доби основното училиште „Кирил и Методиј“ во Општина Гази Баба со помош на Министерството за образование и наука.
Во Отчетот на градоначалникот Трајковски за сработеното во четиригодишниот мандат (2013 – 2017) на страница 46 е наведено дека во ова училиште, меѓу другото, е направена
-
Реконструкција на покрив во училишна зграда во Стајковци, 1.000 м²(во соработка со МОН) ….. (2016)
-
Реконструкција на подови во Стајковци, 1700 м² (2016)
Исто така, во Отчетот на Трајковски се објавени фотографии од кои се гледа дека ОУ „ Кирил и Методиј“ во с. Стајковци, е реновирано.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година – Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Гази Баба (стр.24) [Пристапено: 29.09.2017]
- Грид.мк (24.06.2016): Обновено училиште во Стајковци [Пристапено: 29.09.2017]
- ТВ НОВА (24.06.2016): Реконструкција на 11 училишта во општина Гази Баба [Пристапено: 29.09.2017]
- Веб-страница на Општина Гази Баба: Како работевме (2013 – 2014) стр. (46 – 47) [Пристапено: 11.09.2017]
Оцени: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар