Изградени две тениски игралишта во Општина Дебар

Фото; dibra.gov.mk/mk/

Изградба на игралишта за тенис

[Извор:  Политичка програма на градноачалникот Ружди Лата за Општина Дебар во локалните избори 2017, датум: октомври 2017]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во програмата за локалните избори 2017 година, градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, на стр. 7 во делот „Спорт”, вети изградба на игралишта за тенис.Ова ветување на градоначалникот Лата е исполнето.

Споменатото ветување на Лата, за поголем ангажман за спортски рекреативни места меѓу кои и тениски игралишта за дебрани, беше дел од неговата реторика во предизборниот период за локалните избори 2017.

Неколку месеци по добивање на мандатот, на 13 јули 2018 година, градоначалникот објави информација и фотографии за реализацијата на овој проект подржан од Агенцијата за млади и спорт.

Во соопштението на Општина Дебар објавено и во Фејсбук се вели:

Денеска во Општина Дебар беше присутен – заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Газменд Рустеми кој беше пречекан од градоначалникот Лата. Целта на ова посета беше промовирањето на две тениски игралишта кои се изградени во близина на школото Пенесита. Градоначалникот изјави дека еден од приоритети на Општината е и развојот на спортот каде со помош на Владата и со иницијатива на Општината се изградени неколку спортски терени во нашиот град…

Според проверените информации и објавените фотографии од местото каде се изградени овие игралишта,  ова изборно ветување на градоначалникот Лата  го оценуваме како исполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција