Роберт Алаѓозовски

 

 

На 31.05. 2017 година  Роберт Алаѓозовски е избран за министер за култура во Владата на Република Македонија.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Роберт Алаѓозовски е роден 1973 година во Струмица. Оженет. Татко на две деца. Член на Друштвото на независни писатели на Македонија.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

  1. Матурирал во гимназијата “Јосип Броз Тито” во Скопје, културолошка насока, со одличен успех.
  2. Дипломирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје, со просек 9.03. Одбранил дипломска работа на тема: “Романот ‘Ние’ од Евгениј Замјатин во контекст на Негативната утопија”.
  3. Одбранил магистерска тема со наслов “Теориско-поетички аспекти на македонската постмодернистичка проза” на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје.
  4. Европска диплома по културен проектен менаџмент во организација на фондацијата Марсел Хиктер од Брисел.
  5. Во подготовка е на докторска теза од областа на културниот менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје.

2005 – 2014 Бил  претседател на Европската мрежа на менаџери во културата Оракл со седиште во Брисел.

Од 2008 е член на педагошкиот тим на Европската диплома по културен проектен менаџмент со седиште во Брисел.

Бил член на уредувачкиот одбор на слисанието Сараевски тетратки.

 

ОБЈАВЕНИ КНИГИ

  1. Во издание на културната установа Блесок, му излегува првата книга уметнички и неуметнички текстови, Флорилегиј во електронски формат, двојазично, на македонски и англиски, www.e-knigi.com.mk.
  2. Во издание на издавачката куќа Магор, му излегува научната студија Обвинети за постмодернизам: теориско-поетички аспекти на македонската постмодернистичка проза.
  3. Во издание на Темплум му излегува збирката филмолошки студии и есеи Крупен кадар.
  4. Во издание на Готен му излегува првиот роман Готен.
  5. Во издание на Готен му излегува второто издание на романот Готен, вазалско издание.
  6. Во издание на Готен му излегува вториот дел од романот Готен.

 

НАГРАДИ

 

  1. Награда „Прозни Мајстори“ на Издавачка куќа Феникс и Фондација Македонија Презент

 

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИЗДАВАЧКИ ПРОЕКТИ

 

Уредувачка книжевна работа во издавачката куќа Готен:

 

  • -успешна апликација на 2 книги од програмата за издаваштво на Министерството за култура за 2016
  • -успешна апликација на 5 книги од програмата за литература на ЕУ, односно од Секторот за Евроинтеграции при МК на РМ за 2016
  • -успешна апликација на 10 книги од програмата за литература на ЕУ за 2017

 

ИЗВОРИ

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција