Салата „Партизан“ во Неготино остана руинирана

vmro-dpmne-logo

Проект: Пренамена на салата „Партизан“ во деловно-станбен центар.

Општина Неготино ќе поддржи приватен инвеститор, кој ќе изгради деловно-станбен објект во центарот на Неготино, на местото на старата спортска сала „Партизан“. Со овој проект ќе се овозможи отворање повеќе трговски и услужни објекти, што значи и отворање нови работни места, подобрување на услугите на граѓаните и разубавување на центарот на Неготино. (Рок на реализација: 2013-2014 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за пренамена на салата „Партизан“ во деловно-станбен центар е неисполнето ветување на градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов. Проектот е дел од предизборната програма за локалните избори 2013-2017 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра општина Неготино!“ (стр.16).

Проектот за пренамена на спортската сала „Партизан“ и изградба на модерен станбено-деловен простор, градоначалникот Апостолов го најави повторно речиси две години откако стапи на функција, на 06.11.2015 година.

Овие денови празнуваме, а веднаш потоа најавувам започнување на градежна експанзија во општина Неготино со реализација на многубројни проекти како во градот, така и во населените места, додаде Апостолов нотирајќи повеќе проекти кои ќе се спроведуваат, меѓу кои започнувањето на реконструкцијата на водоводната мрежа во Неготино во должина од 8 километри, изградба на станбено-деловен простор, нов градски пазар и паркинг простор на местото на руинираната сала Партизан…, објави Неготиноинфо.

На 07.07.2016 година, Апостолов повторно го најавил проектот, нагласувајќи дека веќе е започната тендерската постапка.

На местото на спортската сала „Партизан” во Неготино ќе никне нов објект и веќе е започната тендерската постапка, информираше денеска градоначалникот на неготино Ванчо Апостолов.

На 28.10.2016 година, порталот Тиквешија Инфо, потсетувајќи на проектите кои ги ветил Апостолов, пишува дека „сè уште спортската сала Партизан среде Неготино е како куќа од хорор филм, полна со ѓубриште“.

Се работи за нестабилен објект од каде паѓаат градежни материјали и е вистинска опасност за минувачите. И претходникот на Апостолов, Пане Трајков во 2009 година ветуваше ревитализација на „Партизан“ , а истото ветување на неготинци им го испорача и Апостолов на изборите во 2013 година.

Во отчетот на Апостолов за сработеното во 2016 година, објавен на официјалната страна на општината, наведено е само дека „е извршена продажба на просторот на кој е лоцирана руинирана сала на ДТВ Партизан и на нејзино место на најатрактивниот простор во центарот на Неготино ќе се гради станбено-деловен центар П+4.“

Имајќи го предвид сето ова, како и фактот дека мандатот на градоначалникот Апостолов истекува овој месец (мај 2017), може да се заклучи дека ветувањето за пренамена на спортската сала Партизан во Неготино е неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *