Тони Делков

 

Тони Делков e градоначалник на Oпштина Неготино

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Тони Делков е роден  на 29.03.1977 година во Неготино каде што го минува целиот животен и работен век. Оженет е со споругата Надица и родители се на два сина на возраст од 9 и 5 години.

Петнаесет години бил активен спортист во РК Повардарие и бил дел на младинската репрезентација во ракомет на Република Македонија

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Завршил средно училиште во гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино.

 

КАРИЕРА

На 20-годишна возраст ја започнува својата работна кариера во фабриката за кабли „Неготино“ каде  напредува скалило по скалило, до генерален менаџер на фабриката за просторите на поранешните Југословенски Републики.

Од 2014 година Делков започнува сопствен бизнис преку основањето на фирмата „Елко компани“ која во моментот има пет вработени.

Тони Делков е член е на СДСМ од 1996 година. Во два  мандата бил секретар на ОО СДСМ Неготино.

На локалните избори во 2013 година бил избран за советник во Советот на Општина Неготино.

Во првиот круг од локалните избори кои се одржаа  во октомври 2017 година,  тој избран за градоначалник на Општина  Неготино.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Неготино: Градоначалник

Википедија: Тони Делков

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *