ТОП 5 најголеми манипулации во 2018 година за македонското членство во НАТО

Фото: flickr.com

Аспирациите на Република Македонија за членство во НАТО претставуваат заложба и врвен стратешки приоритет уште од осамостојувањето на државата. Тие се постојан предмет на манипулации во јавноста и во бескрајната борба меѓу големите партии (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), но и од други, поситни „играчи“ на политичката сцена (Единствена Македонја, Левица и други НАТО скептици)

 

Аспирациите на Република Македонија за членство во НАТО претставуваат заложба и врвен стратешки приоритет уште од осамостојувањето на државата. Тие се постојан предмет на манипулации во јавноста и во бескрајната борба меѓу големите партии (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), но и од други, поситни „играчи“ на политичката сцена (Единствена Македонија, Левица и други НАТО скептици)

 

Пишува: Игор К. Илиевски

 

Во овој напис издвојуваме листа од пет манипулации кои се однесуваат и на патот кон членството во алијансата, но и околу самото членство на Македонија во НАТО, кои годинава имаа силен одек во јавноста, особено во интернет-медумите и на социјалните мрежи.

 

  1. „Република Македонија (на самитот на НАТО во Брисел) не доби ништо повеќе од тоа што веќе го има добиено во 2008 година“

 

Зоран Заев повторно ја лаже јавноста. Република Македонија не доби ништо повеќе од тоа што веќе го има добиено во 2008 година. Условите за членство во НАТО Република Македонија ги исполни уште во 2008 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. (Извор: ВМРО-ДПМНЕ, датум: 12.07.2018)

На Самитот во Букурешт во 2008 година, и покрај силната поддршка од САД, НАТО одлучи дека на Македонија ќе ѝ врачи покана „веднаш штом ќе биде постигнато заеднички прифатливо решение на прашањето со името во рамки на ОН“. На Самитот во Брисел во јули годинава НАТО ја покани Македонија да ѝ се приклучи на Алијансата, поздравувајќи го „историскиот договор меѓу Атина и Скопје“: „Во линија со нашата политика, одлучивме да ја поканиме Владата во Скопје да ги почне пристапните преговори за да му се придружи на нашиот Сојуз“.

 

  1. „НАТО бара да го смениме името/во НАТО можеме и со уставното име“

Заради Заев, сега дополнителниот услов не е решавање на проблемот кој што Грција го имаше со нашето име, туку откажување од името Република Македонија и бришење на македонската историја, традиција и култура. (Извор: ВМРО-ДПМНЕ, датум: 12.07.2018)

Зошто вршите притисок врз јавноста дека е ова историски миг за влез во НАТО, кога фактите зборуваат дека самит не е потребен доколку членките на НАТО одлучат да ја примат земјата без уцени, согласно со Времената спогодба и со пресудата на Меѓународниот суд на правдата на ОН? (Извор: Отворено писмо до политичките лидери на Република Македонија, датум: 19.02.2018)

НАТО одлучува со консенсус. Секоја одлука за нова членка мора да ја одобрат сите земји-членки. Во случајот на Македонија, на приемот му се противеше Грција. Била причината име или нешто друго, додека нема согласност од сите членки, НАТО не може да врачи покана.

Како што објаснува Огнен Вангелов во текст во „Окно“ на 19.02.2018, неколку дена по отвореното писмо:

Ова е класична манипулација со описот на ситуацијата бидејќи како и резолуцијата на ОН од 1993, така и Времената спогодба нѐ обврзува да најдеме решение за името со Грција преку посредство на ОН. … влезот во НАТО е директно врзан за решение на спорот со името. Досега никој не успеал, па ни Судот во Хаг, да ја промени таа одлука на НАТО.

    1. „Ќе ги праќаме децата во војна/да гинат/да убиваат за НАТО/империјалистите“.

(Извори: Единствена Македонија , Левица, проф. Билјана Ванковска)

Македонија веќе 16 години учествува во воени операции во странство, а статистички половина од „децата“ во АРМ веќе била во мисија. Од 2002 до денес АРМ е во НАТО мисија во Авганистан – мисијата на Меѓународните безбедносни сили – Авганистан (ИСАФ) до 2015 година, и новата операција „Одлучна поддршка“ од 2015 година до денес. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во ноември 2006 година ги укина речиси сите „национални ограничувања“ за македонските војници, вклучувајќи го и тоа дека не може да учествуваат во борбени операции.

 

      1. „Членството во НАТО ќе не чини…“

(Извори:

Здравко Савевски, Левица, 11.08.2018, Бојкотирам, Лидер

    1. ,

11.07.2018)

Сумите варираат од 1,2 милиони евра годишно за заедничкиот буџет на НАТО до 400 милиони евра за буџетот на Министерството за одбрана, кој треба да биде 2 отсто од бруто домашниот производ, што е заложба на НАТО. Но, Македонија секоја година до 2008 издвојувала повеќе од 2 отсто од БДП за одбраната, а по Самитот во Букурешт почна кастрењето на одбранбениот буџет, кој во 2014 година бил преполовен и до годинава беше под 1 отсто од БДП. Инаку, годишно за буџетот на НАТО земјава ќе треба да издвојува околу 600-700 илјади евра.

 

    1. „НАТО на Криволак ќе гаѓа со осиромашен ураниум “

(Извори: Курир, датум 16.08.2018, Инфомакс, датум 24.08.2018)

Министерството за одбрана веднаш демантираше дека на Криволак ќе се користи или некогаш се користела муниција со осиромашен ураниум, обвинувајќи дека се шират дезинформации пред тогаш претстојниот референдум. НАТО, заедно со АРМ, вежба на Криволак од 1993 година, вклучувајќи го и периодот од 2006 до 2017 година, кога беа изведени и досега најголемите заеднички воени вежби. Никогаш до август годинава немало обвинувања дека сојузниците користат муниција со осиромашен ураниум.

 

ИЗВОРИ:

  1. „Република Македонија не доби ништо повеќе од тоа што веќе го има добиено во 2008 година“, соопштение на ВМРО-ДПМНЕ (Проверено на 21.12.2018)
  2. Декларација на шефовите на држави и влади учесници на Самитот на НАТО во Брисел 11-12 јули 2018, точка 64 (Проверено на 21.12.2018)
  3. Отворено писмо до политичките лидери на Република Македонија“(Проверено на 21.12.2018)
  4. Окно“: Зошто нема да го потпишам писмото на Билјана Ванковска (Проверено на 21.12.2018)
  5. „Вечер“: „Единствена Македонија“: Заев и Шекеринска ги најавија првите жртви во војната со Русија (Проверено на 21.12.2018)
  1. МКД: Левица: По самитот на НАТО, има ли крај на понижувањата од македонската дипломатија (Проверено на 21.12.2018)
  2. Ванковска: Македонија или НАТО? #Сега кажи! (Проверено на 21.12.2018)
  3. МЕТА: Од 16 години во мисии во странство, АРМ осум години била во врвот (Проверено на 21.12.2018)
  4. МЕТА: Половина војници на АРМ, статистички, веќе учествувале во мисии на НАТО (Проверено на 21.12.2018)
  5. МКД: Колку ќе не чини членството во НАТО (Проверено на 21.12.2018)
  6. Фејсбук: „Бојкотирам“ (Проверено на 21.12.2018)
  7. „Лидер“: Доналд Трамп на Самитот на НАТО: Сите членки да ги зголемат воените буџети барем двојно (Проверено на 21.12.2018)
  8. МЕТА: АРМ по пет години ќе го достигне буџетот што го имаше пред десет години (Проверено на 21.12.2018)
  9. МКД: Пендаровски: Македонија ќе придонесува 0,0721 отсто во буџетот на НАТО (Проверено на 21.12.2018)
  10. 16.„Курир“: Враќањето на НАТО на Криволак ќе донесе радиоактивна прашна во Скопје (Проверено на 21.12.2018)
  11. Информакс: Ураниум се користел во Македонија (Проверено на 21.12.2018)
  1. СДК: Од странство во Македонија се шират лажни вести (Проверено на 21.12.2018)
  2. МЕТА: МО: На криволак не се користел осиромашен ураниум и нема да се користи (Проверено на 21.12.2018)

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.