Центарот за боречки спортови на Јакимовски остана на хартија

Изградбата на боречкиот центар требаше да почне пред две години Фото: Принтскрин

Ќе изградиме Центар за боречки спортови (бокс, кик-бокс, карате и џудо) со сауна, фитнес-сала.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, во предизборието за локалните избори во 2013 година  вети  дека Општината ќе добие Центар за боречки спортови. Изградбата на овој објект, според проекциите во изборната програма  на Јакимовски „Визија за Карпош“ (стр.13), требаше да стартува во 2014 година. Сепак,  тоа досега (10.05.2016) не се случи, така што, ова изборно ветување го оценуваме како неисполнето.

За време на предизборната кампања за локалните избори во 2013 годин на 12.03.2013 Канал 5 пренесе дел од говорот на Јакимовски во кој тој рече:

Карпош ќе биде прва гасифицирана општина во градот Скопје, во Карпош нема да се плаќа зонско паркирање, ќе има бесплатни ужинки и екскурзии во градинките и во училиштата, ќе ги промениме старите кровови на зградите. Ќе изградиме и боречки центар и спортски центри, стипендии ќе им дадеме на спортиститерече Јакимовски.

Ветувањето на Јакимовски го пренесоа и други медиуми:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од Српската напредна странка, Стевчо Јакимовски, денеска најави изградба на пет базени по европски стандарди во основните училишта во општината, спортска сала за боречки вештини и ракометно игралиште во ОУ „Братство“.

Јакимовски пред изборите во 2013 година,  во интервју за „Мое бебе“, исто така,  ветува:

Ќе изградиме Центар за боречки спортови (бокс, кикбокс, карате и џудо) со сауна, фитнес сала. Во 2015 година спортските клубови од Карпош ќе бидат поддржани да се борат за шампионска титула во националните првенства во кошарка и одбојка. Спортистите кои меѓународно ја афирмираат општината ќе бидат финансиски поддржани. Ќе ги поддржуваме и традиционалните меморијални турнири и други спортски натпревари.

На 11 јули 2014 година порталот „Нетпрес“ пишува  за тоа, дека ветените спортски центри  во Карпош никаде ги нема и дека биле најавени само во функција на кампањата на Јакимовски за локалните избори.

Елекронското пребарување, пак, не дава резултат. На интернет не може да се најдат никакви информации за активности поврзани со реализацијата на овој проект.

Имајќи го предвид сето ова, може да се каже споменатото изборно ветување на Јакимовски е неисполнето.

*Забелешка

Имајќи предвид дека во програмата на  Јакимовски нема наведено конкретен рок во кој би требало да се изгради ваков спортски центар,  Вистиномер  повторно ќе се осврне на ова ветување  до крајот на мандатот на Јакимовски – април 2017 година .

ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Владе Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција