Започната е постапката за ревитализација на Офицерскиот дом во Битола

Фото: mk.wikipedia.org

 

Ревитализација на поранешниот Oфицерски дом

Потребна е целосна реконструкција на објектот на Офицерскиот дом, преадаптација на придружниот објект и партерно уредување на нивната непосредна околина. Со нивната реконструкција ќе зачуваме еден исклучителен споменик на културата, при што општина Битола ќе добие репрезентативен простор за реализација на разновидни активности од областа на културата, како и форумски активности на граѓанскиот сектор. Ќе се изврши обнова, адаптирање и пренамена на Домот на АРМ во Дом на културата во кој ќе се одржуваат свечености, приеми, концерти, проекции, изложби и други активности од областа на културата и јавниот живот.  (Рок: 2017-2020 година)

[Извор: Изборна програма на Наташа Петровска за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Битола за сите“ (стр.18) , датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ревитализација на поранешниот Oфицерски дом“ , вети актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, во кампањата за локалните избори (15.10.2017 г.). Ова е еден од капиталните проекти ветени во нејзината изборна програма: „Живот во Битола за сите“  (стр.18) , со рок на исполнување три години (2017 -2020), а постапката за неговата реализација е во тек.

Информациите објавени во медиумите говорат дека досега (26.10.2018),  е комплетирана  техничката документација, добиена е градежна дозвола  и според најавите на локалните власти, треба да се распише тендер за отпочнување на реконструкцијата.

Деновиве (25.10.2018) градоначалничката Петровска на прес-конференција, свикана по повод една година од нејзинот доаѓање на функцијата, меѓу другото рече  дека ќе го исполнат ветеното и ќе го „вратат сјојот на Офицерскиот дом“.

Офицерскиот дом го ветивме како приоритет во програмата и на пат сме да го реализираме. Веќе ја имаме цела потребна документација за реконструкција, која претходно ја немаше. Како поседна етапа од досегашните активности беше издавањето на градежната дозвола која помина во Министерството за транспорт и врски. Тој документ го имаме и сега сме подготвени за започнување на тендерска постапка, односно за распишување на тендер за отпонување на реконструктивни зафати. Ветивме и ќе го вратиме сјајот на Офицерскиот дом, рече Петровска.

Инаку, набрзо по доаѓањето на новата локална власт во Битола , во декември 2017 година, од Општината имаше најава дека ќе започне постпката за реконструкција на Офицерскиот дом и дека за таа цел:

Во 2018 година планирано е да бидат издвоени 10 милиони денари, а до 2020 – та вкупно 70 милиони денари или 1,2 милиони евра и дека со дополнителни средства реконструкцијата ќе ја помогне и Министерството за култура.

На крајот на јуни (2018) имаше и информација дека Управата за заштита на културното наследство дала конзерваторско одобрение за Офицерскиот дом во Битола,

Имајќи предвид дека се направени конкретни активности  (комплетирана е документацијата, добеиени се конзерваторско одобрение и градежна дозвола) и има официјална најава дека следува постапка за распишување на тендер за отпонување на реконструктивни зафати,   може да се каже дека реализацијата на овој проект е во тек.

 

 ***Забелешка

Офицерскиот дом во Битола, е  споменик на културата од прва категорија, кој подолго време е руиниран. Во Основниот суд во Битола се води судски процес во кој единствен обвинет за моменталната состојба на Офицерскиот дом е ексградоначалникот Владимир Талески. Тој се товари за несовесно работење зашто не го заштитил објектот и балскиот лустер во него, кој ја красеше балската сала на домот, а  пред две години беше демолиран. 

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.