Гласовите „ЗА“ на референдумот ги надминаа најдобрите изборни победи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ

Фото: sdsm.org.mk

Претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето пред јавноста по референдумското изјаснување,  во врска со поддршката од над 600.000 гласови „ЗА“  констатира дека:  „Европска Македонија доби повеќе гласови ЗА од кој било победник на кои било парламентарни избори во историјата на независна Македонија“. Оваа негова изјава  е вистинита

 

По завршувањето на гласањето за референдумот (30.09.2018) премиерот, Зоран Заев  од прес-центарот на коалицијата Заедно за европска Македонија, ја даде следната изјава во врска со резултатите од референдумот, во која меѓу другото, рече:

На референдумот денеска гласаа повеќе од 650.000 граѓани. Од граѓаните кои гласаа, повеќе од 90% избраа „ЗА“ и порачаа дека Република Македонија треба да го прифати договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ. Европска Македонија доби повеќе гласови „ЗА“ од кој било победник на кои било парламентарни избори во историјата на независна Македонија.

Дури и ако имаше цензус, дури и ако имаше 1,1 милион излезени гласачи, овој резултат од речиси 600.000 граѓани кои гласале ЗА, ќе значеше јасна одлука на граѓаните и јасна определба ЗА европска Македонија…

[Извор: Веб-страница на СДСМ, датум: 30.09.2018]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето пред јавноста по референдумското изјаснување,  во врска со поддршката од над 600.000 гласови „ЗА“  констатира дека:  Европска Македонија доби повеќе гласови ЗА од кој било победник на кои било парламентарни избори во историјата на независна Македонија“. Оваа негова изјава  е вистинита.

Како што соопшти Државната изборна комисија на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „ЗА“ гласале 609.813 граѓани, или 91,46 отсто,  „против“ гласале 37.700 илјади граѓани или 5,65 отсто, а  неважечки ливчиња се 19.221 или 2,89 отсто .

И покрај тоа  што на референдумот не беше исполнет цензусот (на гласањето  излегоа  вкупно 666.743 граѓани или 36,91 отсто од запишаните 1.806.336 гласачи на Избирачкиот список –   официјални податоци од ДИК), бројката од речиси 610.000 избирачи кои позитивно се изјасниле е репсектиблина.

Сепак, треба да се каже дека  во оваа мнозинска волја од 609.813 гласови „ЗА“ на референдумот им припаѓа  на граѓаните Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи,  Роми …,  кои излегоа на референдумското изјаснување. И, овие гласови  не може баш  грубо – „пластично“ да се компарираат со гласовите кои ги добиле победниците на досегашните парламентарните избори, посочувајќи ги притоа најдобрите изборни пласмани на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, каде главно е пресликана волјата на македонското гласачко тело. Имено, ваквата математичка споредба не ги вклучува гласовите на албанските граѓани, пресликани кај победниците во албанскиот политички блок (ПДП, ДПА, ДУИ). Па гледјќи од тој агол во  изјавата на Заев забележуваме и една недоследност.

Фото: sdsm.org.mk

Инаку, прегледот на резултатите на сите парламентарни избори од 1994 години (тие се први по прогласувањето на независност на 8 септември 1991 година), до последните предвремени во декември 2016 година, покажува дека победничките коалиции предводени  ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, дури и на изборите кога имале најголем успех: СДСМ во 2002 г. – 497.342 гласови, ВМРО-ДПМНЕ во 2014 г. – 481,615 гласови,  не успеале да го достигнат квантумот од 609.813 гласови, колку што имаше гласови  „ЗА“ на референдумот во неделата (30.09.2018).

Оваа бројка е поголема и од гласовите кои ги добија поранешните претесетатели Борис Трајковски – 582.808  и Бранко Црвенковски – 550.317, како и актуелниот претседател Ѓрорѓе Иванов (453.616 – прв мандат, 534.910 – втор мандат ) . Повеќе гласови успеа да освои едниствено екс-претседателот Киро Глигоров  – 715.087 во 1994 година.

 

****

Следи преглед на резултатите на парлементарните избори од 1994 до 2016 година и на претседателските избори од 1994 до 2014 година

  • Парламентарните избори 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија.
Партија Прв круг Втор круг
Број на гласови % Број на гласови %
Коалиција „Сојуз за Македонија“ предводена од СДСМ 291,695 29.5 329,700 53.5
ВМРО-ДПМНЕ 141,494 14.3
Демократска партија 108,872 11.0
Партија за демократски просперитет во Македонија 87,103 8.8 93,407 15.2
Народна демократска партија 29,361 3.0 25,007 4.1

Резултати од пропорционалното гласање

Политички партии Освоени гласови %
ВМРО ДПМНЕ 312.669 28,10
Социјалдемократски сојуз на Македонија 279.799 25,14
ПДП и ДПА 214.360 19,26

Добиени гласови  според мнозинската листа

Политички партии Освоени гласови (прв круг) % Освоени гласови (втор круг)
ВМРО ДПМНЕ и Демократска алтернатива 369.615 33,05 373.001
Социјалдемократски сојуз на Македонија 278.766 24,93 273.193
Партија за демократски просперитет 132.430 11,84 18.153
Демократска партија на Албанците 53.469 4,78 28.361
Политички партии и коалиции Освоени гласови %
За Македонија заедно (СДСМЛДП и др.) 497.342 41,58
ВМРО ДПМНЕ и ЛПМ 299.179 25,02
ДУИ 145.615 12,18
ДПА 64.025 5,35
ПДП 26.853 2,25
НДП 26.406 2,21
  • Парламентарни избори 2006 година  одржани на 5 јули 2006 година
Политички партии и коалиции Гласови %
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.) 304.572 32,50
За Македонија заедно (СДСМ и др.) 218.463 23,31
ДУИПДП и ДЛБ 113.522 12,12
Демократска партија на Албанците 70.261 7,50
 

Политички партии и коалиции

Гласови %
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.) 481.501 48,78
СОНЦЕ. Коалиција за Европа (СДСМ и др.) 233.284 23,64
Демократска унија за интеграција 126.522 12,82
Демократска партија на Албанците 81.557 8,26
Партија/Коалиција Лого Број на гласови % на гласови
ВМРО-ДПМНЕСоцијалистичка партија на Македонија,Демократски сојузДемократска обнова на Македонија,Демократска партија на Турците на Македонија,Демократска партија на Србите во МакедонијаСојуз на Ромите од МакедонијаОбединета партија за еманципацијаПартија на правдатаСтранка на демократска акција на МакедонијаПартија на Власите од МакедонијаПартија за интеграција на РомитеБошњачка демократска партијаДемократски сили на РомитеТрајно македонско радикално обединувањеНова либерална партијаНародно движење за МакедонијаВМРО-ДП,ВМРО-ОбТатковинска македонска организација за радикална обнова – Вардар – Егеј – ПиринМакедонска алијансаВМРО – Македонска 438.138 38,98
Социјалдемократски сојуз на МакедонијаНова социјалдемократска партијаПартија за европска иднина,Либерална партија на МакедонијаДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаСрпска напредна странка во МакедонијаПартија за целосна еманципација на РомитеНова алтернативаСојуз на Титови леви сили,Партија за движење на Турците во Македонија,Демократски сојуз на Србите во МакедонијаДемократски сојуз на Власите од МакедонијаПартија на слободни демократиПартија на пензионерите на Република Македонија и Санџачка лига 368.496 32,78
Демократска унија за интеграција 115.092 10,24
Демократска партија на Албанците 66.315 5,90
Национална демократска преродба 29.996 2,67
Партија Гласови %
ВМРО-ДПМНЕ 481,615 42.97
СДСМ 283,955 25.34
ДУИ 153,646 13.71
ДПА 66,393 5.92
НДП 17,783 1.59
Партија Лого Гласови %
ВМРО-ДПМНЕ и други 454.577 38,14
Социјалдемократски сојуз на Македонија и други 436.981 36,66
Демократска унија за интеграција 86.796 7,28
Движење Беса 57.868 4,86
Алијанса за Албанците 35.121 2,95
Демократска партија на Албанците 30.964 2,60

 

 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

Кандидат Партија Број на гласови %
Киро Глигоров Сојуз за Македонија 715.087 78,4
Љубиша Георгиевски ВМРО-ДПМНЕ 197.109 21,6
Кандидат Партија Прв круг Втор круг
Број на гласови % Број на гласови %
Тито Петковски СДСМ 343.606 33,1 513.614 46,8
Борис Трајковски ВМРО-ДПМНЕ 219.098 21,1 582.808 53,2
Кандидати и партии-номинирачки Прв круг Втор круг
Гласови % Гласови %
Бранко Црвенковски (Социјалдемократски сојуз на Македонија) 385.347 42,5 550.317 62,6
Сашко Кедев (ВМРО-ДПМНЕ) 309.132 34,1 329.179 37,4
Кандидати и партии-номинирачки Втор круг
Гласови %
Ѓорѓе Иванов (ВМРО-ДПМНЕ) 453.616 63,14
Љубомир Фрчкоски (Социјалдемократски сојуз на Македонија) 264.828 36,86
  кандидат партија резултати
1. Иванов, Ѓорге ВМРО-ДПМНЕ 534.910 гласови
2. Пендаровски, Стево СДСМ 398.077 гласови

 

 ИЗВОРИ:

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција