Зоран Зимбаков
Зоран Зимбаков e градоначалник на Oпштина Босилово
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Зоран Зимбаков е роден на 09.09.1972 година во Струмица, живее во с.Босилово. Тој е оженет и е татко на две деца.
ОБРАЗОВАНИЕ
Основно образование завршил во родното село, а средно образование во ГУЦ „Здравко Цветковски “ Скопје -геодетски отсек/ геодетски техничар во 1991 година.
Високо образование завршил во 1997 година на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, на Градежниот факултет – Отсек геодезија.
КАРИЕРА
Работел во АДГ Маврово – Скопје и во Општина Босилово.
На локалните избори кои се оджаа на 15 октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина Босилово.
ИЗВОРИ:
Веб-страница на Општина Босилово: Градоначалник
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар