19-та меѓународна конференција е-Општество.мк “Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност”

Фондација Метаморфозис срдечно ве поканува на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“, организирана на 19-ти декември 2023, на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност”.

Конференцијата ќе биде организирана во хибриден формат и ќе се одржи во Хотел „Мериот“ во Скопје (сала Ballroom I), каде што дел од учесниците ќе имаат можност физички да присуствуваат на настанот, а останатите ќе можат да ги следат сесиите онлајн, преку платформата ZOOM и преку Facebook Live на Facebook страницата на Фондација Метаморфозис. Конференцијата ќе се одвива на англиски, македонски и албански јазик, со обезбеден превод во хотелот и преку ZOOM.

Конференцијата ќе ја истражи вештачката интелигенција која отвора невидени можности за иновации во различни сектори, а истовремено отвора и различни прашања за заштитата на основните човекови права. Постигнувањето на вистинскиот баланс помеѓу иновацијата и одговорноста е од суштинско значење за обезбедување на дигитален пејзаж кој вклучува решавање на проблеми како што се приватноста, пристрасноста, дискриминацијата и етичката употреба на вештачката интелигенција за заштита на човековите права. Како што вештачката интелигенција продолжува да го обликува нашиот свет, потребата за заштита на човековите права без задушување на технолошкиот напредок станува најголем предизвик.

Агендата е достапна на англискимакедонски и албански јазик.

Сите заинтересирани да учествуваат треба да се регистрираат на следниот линк не подоцна од 14-ти декемвриhttps://tinyurl.com/3vnp6nnk.

Конференцијата „е-Општество.мк“ е организирана од Фондација за интернет и општество Метаморфозис во синергија со проектите “Центар против дезинформации на Западен Балкан” финансиран од Министерство за надворешни работи на Кралството Холандија, и проектот “Добро владеење во сајбербезбедност на Западен Балкан” спроведен од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF) и Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на владата на Обединетото Кралство. Ставовите изнесени за време на конференцијата не нужно ги одразуваат мислењата на донаторите.

 

Забелешка за приватност: Настанот ќе се снима и ќе се пренесува во живо, додека видео снимката ќе биде објавена на YouTube каналот на Фондацијата Метаморфозис, веб-страницата и профилите на социјални медиуми. За време на настанот ќе бидат направени фотографии кои ќе бидат дистрибуирани на веб-страницата и профилите на социјални медиуми на Фондација Метаморфозис, како и доставени до донаторите со цел известување за настанот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција