„Згрешив, не се вакцинирав и сега се борам за живот“: Кога е ,,предоцна” за вакцинација против ковид?

Foto nga Portalb.mk/Arbnora Memeti

„Јас згрешив многу, не се вакцинирав, сега сум во тешка состојба во болница“ изјави на „Фејсбук“ еден од заболените со Ковид-19 во САД, кој претходно одбил да се вакцинира. Порталб.мк разговараше со хемичарот Егзон Адеми за тоа кога е предоцна да се прими вакцината против Ковид-19  и кога едно лице може да се смета за вакцинирано?, пишува Порталб.мк.

Еден невакциниран родител се снимил себеси во болница:
Јас згрешив и не се вакцинирав, многу се каам, ве молам вакцинирајте се.
Со тешкотии во дишењето и на кислородна терапија, таткото Тревис Кемпбел се обидел да го пренесе неговото искуство со борбата против Ковид-19 во Вирџинија Хоспитал.
Тој многу се кае што не се вакцинирал, иако неговата состојба моментално не е добра, тој сепак сметал дека треба да пренесе една порака во случај да не успее да се избори со инфекцијата.
„Јас згрешив многу, луѓе“,  рече тој зборувајќи со потешкотии и на кислородна терапија, во едно видео објавено на „Фејсбук“ во средата. „Јас не се вакцинирав… Јас згрешив, признавам“, додаде тој.
Зошто не се вакцинирал
Во две интервјуа за Си-Ен-Ен од болничкиот кревет, Кемпбел и неговата сопрува Кели, покажаа како коронавирусот влијаел врз нивното семејство во текот на ова лето – и зошто одлучиле да не се вакцинираат.
Вирџинија, како и другиот дел на САД, има зголемен број на заболени поради делта сојот, кој сега веќе доминира во оваа држава.
Кели Кемпбел и нејзините деца се заразиле со коронавирусот и сите освен еден имале симптоми, и тоа, кашлица, треска и вртоглавица.
„Ние сите оздравевме„ рече Кели за Си-Ен-Ен. „Ние немавме тешки симптоми како Тревис“. На прашањето зошто нивното семејство не се вакцинирало, тие одговориле вака:
„На почетокот на 2020 година, целиот кошаркарски тим на ќерка ми се разболе. Имаа симптоми на ковид. Затоа, ние сите мислевме дека веќе сме ја прележале болеста“.
Тие немаат потврда дали го прележале или не вирусот во 2020 година. Како и да е, Центарот за контрола и спречување на болести им препорачува на сите да се вакцинираат без разлика дали го прележале или не вирусот.
Минатата недела ЦДЦ – објави едно истражување кое покажа дека лицата кои биле заразени со Ковид-19 во 2020 година а не се вакцинирани, се двојно позагрозени од реинфекција со вирусот корона, во споредба со тие што го прележале вирусот, а се вакцинирани со две дози.
Повик за сите да се вакцинираат
„Не можам да дишам. Тонам. Се чувствувам како риба без вода“ рече Кемпбел од болничкиот кревет.
„Јас сум виновен“, додаде тој.
„Требаше да ги земам децата, жената и да се вакцинираме на време. Сега ја плаќам цената за невакцинирањето. Сакам да им кажам на сите: Размислете добро што значи животот за вас. И одете вакцинирајте се, ве молам, ве молам”, додаде Кемпбел.
Каква заштита обезбедува првата доза на вакцината?
Хемичарот Егзон Адеми за Порталб.мк истакна дека со појавата на новите мутирани корона вируси, заштитата со првата доза на вакцината е помала. Според него по првата доза на вакцината едно лице може да се смета само 30 проценти заштитено.
„Заштитата што ја пружат вакцините зависи од текот на вирусот, односно неговите мутации. Со текот на времето, вирусот се повеќе се менува со цел да инфицира што поголем број луѓе. Така за првите соеви на САРС – КОВ-2, поефикасните вакцини базирани на мРНК (Фајзер/Бионтек и Модерна) обезбедуваа заштита околу 51 процент по првата доза или 11-14 дена по примањето на првата доза, но сега со еволуцијата на вирусот и појавата на новите соеви како сојот Делта со мутации што имаат способност да го избегнат претходниот имунитет и вкцкините, па оваа заштита е значително помала. Институтот за јавно здравје во Велика Британија во официјалниот извештај има наведено дека Фајзер/Бионтек и Астра Зенека со само една доза се само 30 проценти ефикасни против сојот Делта, што е недоволно, затоа се сугерира да не се пропушти втората доза на вакцините “ вели хемичарот Адеми.
Тој вели дека за „целосната“ вакцинација потребни се околу 5 недели.
Според него, ниедна вакцина не штити стопроцентно од коронавирусот, меѓутоа, смета дека заштитата е доволна само по 2 недели од примањето на втората доза, додека за вакцинирањето со само една доза смета дека е исто како да се пие половина лажица лек.
„Вакцините се со две дози (освен Џонсон и Џонсон) и за да се сметате не само заштитени, туку и целосно вакцинирани треба да поминат две недели по примање на втората доза. Вакцинацијата е процес што трае околу 5 недели и за едно лице пикот на антителата е околу 14 дена по втората доза и во целиот овој период човекот мора да внимава да не се зарази. Ниедна вакцина не штити 100 проценти, бидејќи во светот нема ни таков лек. Сега со Делта сојот најефикасните вакцини, тие со мРНК имаат ефективност од 88 проценти со 2-дози, додека Астра Зенека има 67 проценти. Затоа задолжително мора да се примат двете дози, инаку ќе е исто како да се пие половина лажица лек и ни самите производители не гарантираат заштита доколку не се комплетира вакцинирањето“, истакна Егзон Адеми за Порталб.мк.
Кога е предоцна?
Егзон Адеми истакна дека многу пациенти во западните земји бараат да ја примат вакцината против Ковид-19 откако се интубирани како последица за заболувањето. Ова според него е предоцна, тој додаде дека да се прими вакцината по заболување или хоспитализација е доцна и апелираше до населението да се вакцинира при првата дадена можност.
„Извините, но предоцна е“ е најпознатата реченица на лекарите во некои западни држави во Ковид одделенијата, која им ја кажуваат на пациентите што побарале да се вакцинираат пред да бидат интубирани. Значи кога ќе се разболиш, кога ќе завршиш во болница, тогаш веќе е доцна. Вакцината се прима пред време. Кај нас иако има вакцини, а дозволено е да се примат без термини без чекање, без причина пак се занемаруваат од луѓето. Во светот се распределени преку 4.3 милијарди вакцини и има земји во Африка кои со месеци молат за донации на вакцини, затоа таму каде што има вакцини, луѓето треба да го сфатат имунизирањето сериозно инаку пандемијата нема да заврши, ќе доаѓаат нови бранови исто како што се случува сега во Полошкиот регион каде што степенот на вакцинација е 20 проценти а веќе е настапен четвртиот бран поради невнимателноста и невакцинирањето. Ова е задоцнето вакцинирање, меѓутоа никогаш не е доцна да се заштитиме себеси и другите. Вакцинирањето и почитувањето на мерките функционира само кога целата заедница е вакцинирана, во спротивно и тие што се чуваат се загрозени од невакцинираните и од оние што не ги почитуваат мерките“ додаде Егзон Адеми за Порталб.мк.
Колку антитела се доволни?
По оздравување од инфекцијата или по вакцинација кај човекот се создаваат антитела. САРС – КОВ-2 го користи спајк протеинот за да влезе во клетките и да се пробие во нив. Од спајк протеинот, антителата можат да го забележат вирусот, да се насочат кон него и на тој начин да го направат „препознатлив“ за клетките на имунолошкиот систем.
Кај вакцините од типот мРНК, како Бионтек/Фајзер, научниците мислеа дека вакцинираните се заштитени над 90 проценти од вирусот, но по Делта сојот, кој е позаразен, оваа заштита е помала и вирусот успева да ги зарази луѓето што ја примиле само првата доза.
Имунологот Карстен Вацл од Институтот Лајбниц и Техничкиот Универзитет во Дортмунд оценува дека ефикасноста на вакцината Бионтек паѓа на 88 проценти, додека тој на вектор вакцините како Астра Зенека од 66 проценти опаѓа на 60. Податоците од Израел дури покажуваат заштита од само 64 проценти со вакцината Фајзер/Бионтек.
Министерството за здравство размислува за трета доза
Сојот Дeлта ги става истражувачите пред големи предизвици. Досега повеќето од нас во најдобриот случај по две вакцини се имунизирани од веќе познатите соеви на вирусот. Но ова не важи за сите вакцинирани, вели имунологот Карстен Вацл.
„Само вакцината не гарантира дека сте имунизирани. Клучно е нашето тело да има создадено соодветна заштита. Но до сега ова уште не можеме да го измериме. Со вакцината против тетанус е поинаку. Ако не знаеме дали сме доволно заштитени, тоа можеме да го измериме со лабораторска проверка. Доколку бројот на антитела е над одредена вредност, тогаш лицето е имунизирано против вирусот, доколку таа вредност е пониска, тогаш лекарот може да препорача повторување на вакцината. Што се донесува до короната уште не сме стигнати до таа фаза. Не знаеме точно што треба да измериме за да можеме вистински да одредиме дали некој е имунизиран или не. Неутрализирачките анитела играат една клучна улога, бидејќи го „врзуваат“ вирусот, за да не инфицира други клетки. Но колку треба да е висок бројот на антителата сеуште не е јасно“, вели експертот Вацл.
Улогата на лимфоцитните Т-клетки
Во борбата против една инфекција не се важни само антителата. Доколку вирусот влегол во телото, антителата не можат веќе да го стигнат, бидејќи не стигнуваат го клетките. Вирусот се множи.
„За да се бориме против вирусот, нашиот имунолошки систем има Лимфоцитни Т-клетки. Тие се во состојба да ги препознаат и елиминираат инфицираните клетки. Значи, ние жртвуваме неколку инфицирани клетки во нашето тело, за да не му дозволиме на вирусот да се размножува“, објаснува Карстен Вацл.
Ова може да се измери, но практично многу е тешко да се идентификува бројот на Т клетките. Овој тест е тежок, но и вреден.
„Само антителата не покажуваат колку си заштитен. Може да се случи да имаме многу малку антитела, и да се разболиме од вирусот, но реакцијата на Т клетките да биде толку силна што нема да има тешка слика на болеста.“
Има разни тестови со кои се мерат антителата. Лабораториите нормално имаат јасни стандарди, со опсег од една минимална до максимална вредност. Лекарот може да прави разлика дали вредностите се во рамки на дозволениот интервал, но кај короната ова не е точно одредено. Може да се каже само приближно. Измерените вредности се движат од помалку од сто во неколку илјади антитела.
„Што поголем број на антитела толку поголема имуниолошка заштита. Меѓутоа точната вредност не можам да ја кажам.“
Исто така не е јасно колку брзо паѓа нивото на антитела, засега се знае само дека со тек на време тој паѓа.
„Ова се случува во две фази. Доколку ги измерите вредностите веднаш по вакцинацијата, тогаш имате поголем број на антитела. Во првите месеци по вакцинацијата ова вредност паѓа брзо. Но во одреден момент се случува една стабилизација околу одредена вредност и таа вредност почнува да паѓа побавно, ова го знаеме од другите вакцини и изгледа вака е и со вакцината против корона“, вели експертот, но сепак ништо не е проверено од научен аспект.
Има луѓе што се вакцинирани со две дози и немаат воопшто или имаат многу малку антитела против вирусот корона. Овие луѓе најверојатно не се заштитени од вирусот, предупредува Вацл. Постојат многу фактори за ваквото ниско ниво на антитела. Еден од нив е возраста, но и слабиот имунолошки систем што не функционира како кај здравите луѓе и не штити како што треба од надворешните „напади“. Честопати треба да се даде трета вакцина за телото да почне да создава антитела. Заклучокот на експертот Карстен Вацл е: Повеќе дози, поголема заштита.

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција