Изградена е обиколницата во Вевчани

Фото: Вистиномер

Градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски во изборната програма „Живот за сите во Вевчани“, како еден од приоритетните проекти вети изградба на обиколница во Вевчани. Ова негово изборно ветување е исполнето. Обиколницата е изградена и пуштена во употреба на крајот на минатата година.

Ветување: Изградба на обиколница околу Вевчани

[Извор (Изборна програма „Живот во Вевчани за сите“  стр. 16; датум: Октомври 2017 г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: 

Градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски во изборната програма „Живот за сите во Вевчани“, како еден од приоритетните проекти вети изградба на обиколница во Вевчани. Ова негово изборно ветување е исполнето. Обиколницата е изградена и пуштена во употреба на крајот на минатата година.

Во февруари 2020 година започна изградбата на мостот на Вевчанска река, што е дел од обиколницата „Југ“. Средствата за доизградба на овој крак на регионалниот пат Обиколница југ беа обезбедени преку Агенцијата за државни патишта (ЈПДП).

Фото: vevcani.gov.mk

Во март 2020 година стартуваше пробивањето и проширувањето на кракот на регионалниот пат, кој е познат како обиколница Вевчани – Југ, или фабрика „Вевчанка“ – здравствен Дом „др Светозар Чочороски“ Вевчани.

Фото: vevcani.gov.mk

Минатата есен (ноември 2020 г.) почна асфалтирањето на обиколницата. Од Општина Вевчани информираа дека севкупната должина на овој регионален крак е околу еден километар, а неговата изградба  чини 325.000 евра.

Околу 650 метри е комплетно нов пробиен пат, започнувајќи од пробивање, земјени работи до фаза на асфалтирање, додека остатокот е реконструкција на претходно пробиен и асфалтиран пат од 2005 година. Средства се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), известија од општина Вевчани.

 

 

 

Фото: vevcani.gov.mk

Изградбата на обиколницата заврши минатата година.

Обиколницата ја изградивме во декември 2020 година и оттогаш е во функција за потребите на жителите на Вевчани и околните села, ни потврдија од Општината. 

Оваа обиколница е од големо значење не само за жителите на Општина Вевчани, туку и за целиот регион. Со оваа сообраќајница се намалува бројот на возила кои поминуваат низ Вевчани, а во исто време се овозможува и побрз пристап до услугите на Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочоровски” во Вевчани.

Со оглед на тоа што Обиколницата е направена и пуштена во употреба, ова ветување на Јанкоски го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ: 

 

Оцени: Соња Рилковска

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција