Кредитен рејтинг на Република Македонија

ministerstvo-za-finansiiНа сајтот на Владата на Република Македонија на 17. 05. 2012  година излезе соопштение  во кое се наведува дека рејтинг агенцијата Standard&Poor’s го потврдила стабилниот кредитен рејтинг на земјата. Понатака во текстот се вели дека ваквата потврда, според Министерството за финансии се случува во време кога агенцијата ги намалила оценките за кредитниот рејтинг за повеќето земји во регионот и дека стабилниот рејтинг на земјата според агенцијата се должи на поволната фискална политика и ниската задолженост на земјата.

Но, следната година, на 24.05.2013 година, во вестите на Сител телевизија се појави вест во која Министерство за финансии забележува на квалитетот на анализата и точноста на извештајот на оваа рејтинг агенција како и за наведените податоци за овој пат НАМАЛУВАЊЕТО на кредитниот рејтинг на земјата во нивниот извештај. Овој пат, анализата во извештајот на рејтинг агенцијата Standard&Poor’s за Министерството е неконзистентна и нелогична.

Истакнувањето на веродостојноста и квалитетот на истражувачката агенција во 2012 година, кога државата добива позитивен кредитен рејтинг, е контрадикторна со реакцијата во 2013 година кога е намален кредитниот рејтинг и затоа оваа изјава се оценува како недоследна.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција