Седум години стара снимка од експлозија во Кина, претставена како да е сегашна од Казахстан

Фото: Принтскрин видео

Првата невистина е дека видеото што се споделува во постот е снимено на 9 јануари 2022 година. „Вистиномер“  го пронајде истото видео објавено на Јутјуб каналот на „Би Би Си“ пред 6 години, поточно на 14 август 2015 година. Втората инсинуација која не кореспондира со реалните факти е тоа дека видеото е снимено во Казахстан, каде во моментот има тензични политички прилики и протести кои резултираа со апсења на 8 илјади граѓани. Всушност, станува збор за снимка од две масовни експлозии во кинескиот град Тианџин, кога се запалил и експлодирал фабрички погон во сопственост на компанија што се занимава со управување со опасни добра

Првата невистина е дека видеото што се споделува во постот е снимено на 9 јануари 2022 година. „Вистиномер“  го пронајде истото видео објавено на Јутјуб каналот на „Би Би Си“ пред 6 години, поточно на 14 август 2015 година. Втората инсинуација која не кореспондира со реалните факти, е тоа дека видеото е снимено во Казахстан, каде во моментот има тензични политички прилики и протести кои резултираа со апсења на 8 илјади граѓани. Всушност, станува збор за снимка од две масовни експлозии во кинескиот град Тианџин, кога се запалил и експлодирал фабрички погон во сопственост на компанија што се занимава со управување со опасни добра

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук во кој е објавено видео од масовна експлозија која што ескалира од секунда во секунда. Видеото е аматерско, снимено од очевидци, а не од медиум. Тоа може да се забележи од фактот што луѓето неформално коментираат додека снимаат, за на крајот, кога огнените јазици се приближуваат до нив, тие да почнат да се евакуираат.

Во постот што го рецензираме се тврди:

09.01.2022 Експлозија. Казахстан???

Првата невистина е дека видеото е снимено на 9 јануари 2022 година. Втората инсинуација која не кореспондира со реалните факти е тоа дека видеото е снимено во Казахстан, каде во моментот има тензични политички прилики и протести кои резултираа со апсења на 8 илјади граѓани. Во овие немири запалени беа повеќе државни згради, се ограбуваа трговски објекти, се палеа автомобили, а очевидци јавуваа и за рафали и експлозии.

Но, дали видеото коешто е објавено во постот, е од овие немири во Казахстан од 2022 година? Не.

„Вистиномер“  го пронајде истото видео објавено на Јутјуб каналот на „Би Би Си“ пред 6 години, поточно на 14 август 2015 година.

Што се случувало тогаш?

Станува збор за снимка од две масовни експлозии во кинескиот град Тианџин, снимени од вчудоневидени очевидци кои успеваат да го снимат моментот и стравот на оние кои виделе што се случило. Десетици луѓе загинале и стотици биле повредени кога фабрички погон, во сопственост на компанија што се занимава со управување со опасни добра, се запалил и експлодирал. Градските власти изјавиле дека не знаат што се материјалите кои се запалиле, ниту што ги предизвикало експлозиите. Очевидецот Ден ван Дурен го снимил моментот на експлозиите, пред тој и други лица да ја избегнат катастрофата и опасноста, извести „Би Би Си“ во описот под видеото на овој линк. 

Следната година, на 9 ноември 2016, „Би Би Си“ објави дека Кина затворила 49 лица во врска со оваа катастрофа, во која загинаа 173 лица. Сопственикот на компанијата „Руихаи Лоџистикс“, Ју Ксјуевеи бил парично казнет со 100 илјади долари за илегални операции на фирмата, како и со смртна казна преиначена во доживотен затвор.

Најголемиот дел од загинатите во оваа катастрофа биле пожарникари. Осум тела на жртвите никогаш не биле пронајдени. „Руихаи Лоџистикс“ е фирма осудена за плаќање мито за да се заобиколат безбедносните постапки при складирање содиум цијанид и други опасни хемикалии. Истрагата покажала дека во складиштата имало запаллива материја нитроцелулоза, хемикалија која се користи за производство на лак за нокти, којашто се запалила, а потоа пожарот се проширил кон илегалните складишта на амониум нитрат.

Поради овие факти, заклучуваме оти не е вистина дека оваа снимка е од 9 јануари 2022 година и од Казахстан. Станува збор за снимка од 2015 година, од Кина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција