Зеленски не се фотографирал со фудбалски дрес со свастика

Фото: Инстаграм профил на В.Зеленски

Фотографијата која е споделена во постот е дигитално изменета за да го покажува Зеленски фотомонтиран, како држи дрес на кој има свастика. Со прегледување на оваа фотографија во програм специјално за намена да се откријат фотомонтажи, проверувачите на факти на АФП откриле дека баш во делот околу свастиката има промени во пикселите, што е индикатор дека со фотографијата се вршени видоизменувања, односно дека не соодветствува на оригиналот. Кога ќе се пребара Инстаграм профилот на Зеленски, се гледа дека оваа фотографија била постирана на 8 јуни 2021 година со бројот на дресот 95, а не со нацистичкиот симбол

Фотографијата која е споделена во постот е дигитално изменета за да го покажува Зеленски фотомонтиран, како држи дрес на кој има свастика. Со прегледување на оваа фотографија во програма специјално за намена да се откријат фотомонтажи, проверувачите на факти на АФП откриле дека баш во делот околу свастиката има промени во пикселите, што е индикатор дека со фотографијата се вршени видоизменувања, односно дека не соодветствува на оригиналот. Кога ќе се пребара Инстаграм профилот на Зеленски, се гледа дека оваа фотографија била постирана на 8 јуни 2021 година со бројот на дресот 95, а не со нацистичкиот симбол

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук на кој се претставени повеќе фотографии од украинскиот претседател Володимир Зеленски,  некои се стари и потекнуваат од негови сценски настапи во времето кога бил актер, а некои се фотомонтажи и имаат за цел да го оцрнат неговото име.

Во постот се вели:

Денес Русите им уплатија на нова група од околу 100 нео-нацистички странски платеници во Украина карта во еден правец до пеколот.

Наративот со неонацистите го почна на крајот на февруари рускиот претседател, Владимир Путин, кој кажа дека лидерството на Украина содржи неонацисти. Зеленски, пак, кој е Евреин, ги демантираше тие тврдења и потсети дека негови членови на семејството биле убиени од нацистичкиот окупатор за време на Втората светска војна.

Проверувачите на факти на АФП покажаа дека фотографијата која е споделена во постот што го рецензираме е дигитално изменета да го покажува Зеленски фотомонтиран, како држи дрес на кој има свастика. Со прегледување на оваа фотографија во програм специјално за намена да се откријат фотомонтажи, новинарите откриле дека баш во делот околу свастиката има промени во пикселите, што е индикатор дека со фотографијата се вршени видоизменувања, односно дека не соодветствува на оригиналот.

Со пребарување на Интернет се доаѓа до оригиналната фотографија, објавена во јуни 2021 година, кога УЕФА барала од Украина да го смени дресот за Еуро 2020 натпреварот, бидејќи наводно дресот содржел политички слоган критикуван од Русија.

Според медиумските извештаи од 2014 година, слоганот „Слава на хероите“ објавен на дресот на Украина, за УЕФА претставувал политичка порака, исто како и тоа што на дресот била исцртана карта Украина во која бил вклучен Крим, кој беше анексиран кон Русија во 2014 година.

Кога ќе се пребара инстаграм профилот на Зеленски, се гледа дека оваа фотографија беше постирана на 8 јуни 2021 година со бројот на дресот 95, а не со нацистичкиот симбол!

Како наслов на фотографијата тој напишал дека дресот на укриаинскиот национален фудбалски тим е специјален, може да шокира и може да открие неколку важни симболи кои ја соединуваат Украина од Луганск до Севастопол. „Нашата држава е една и неделлива, Крим е Украина“, напишал Зеленски.

 

Про-Кремљ медиумите досега ја етикетираа опозицијата, а и украинската влада  како „фашисти“, „сатанисти“,„Малтузијанци“, глобалисти…Но, од неодамна, „неолибералите“ станаа ново омилено „страшило“ – баук за про-Кремљ медиумите, пишува „Еувсдисинфо“.

Освен тоа што Зеленски има еврејско потекло, тој во својот живот никогаш немал контакт со нацистичката идеологија.

Поради горенаведените факти оценуваме дека фотографијата со свастика на фудбалски дрес кој наводно го држи Зеленски, споделена во постот што го рецензираме, не е веродостојна туку претставува фотомонтажа.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција