Неточно се тврди дека на геј парадата во Мексико Сити присуствувале една милијарда луѓе

Фото: Принтскрин видео ФБ

Властите на Мексико Сити изјавиле дека очекуваат околу 300 илјади луѓе да присуствуваат на геј парадата, а пријавиле дека на истата присуствувале 250 илјади луѓе. Оттука нејасно е од каде излезе бројката посочена во постот од 800 милиони до една милијарда луѓе кои ја гледале геј парадата. За овие податоци во објавата на Фејсбук не е наведен никаков извор, ниту пак, има линк што би водел до ваквата информација. Очигледно е дека бројките се само така нафрлени со цел да се поттикне говорот на омраза кон ЛГБТ популацијата, што е видливо од коментарите под постот.

Властите на Мексико Сити изјавиле дека очекуваат околу 300 илјади луѓе да присуствуваат на геј парадата, а пријавиле дека на истата присуствувале 250 илјади луѓе. Оттука нејасно е од каде излезе бројката посочена во постот од 800 милиони до една милијарда луѓе кои ја гледале геј парадата. За овие податоци во објавата на Фејсбук не е наведен никаков извор, ниту пак, има линк што би водел до ваквата информација. Очигледно е дека бројките се само така нафрлени со цел да се поттикне говорот на омраза кон ЛГБТ популацијата, што е видливо од коментарите под постот

 

 

Пост на Фејсбук тврди дека на геј парадата во Мексико Сити која се одржа на 25 јуни 2022 година, имало од 800 милиони до една милијарда гледачи. Ова не е точно.

29.06.2022

Мексико Сити постави рекорд по гледачи на геј парада. Присуствуваа околу 800.000.000 до 1.000.000.000 милиони луѓе.

„На претходните 20 геј паради на гордоста, овој број луѓе не беше ни блиску до таму“, рекоа локалните власти, се вели во постот.

 

Геј парадата во Мексико Сити првпат се одржала во 1978 година и денес таа е втората по големина геј парада во светот, по онаа во Њујорк. Се одржува секоја година и е еден од најголемите настани во Мексико. Парадата претставува масовно славење на слободата.

По две години пауза поради пандемијата на ковид-19, годинава геј парадата во Мексико Сити се одржа на 25 јуни. Властите очекуваа околу 300.000 луѓе да учествуваат на 44-то издание на ЛГБТ+ Маршот на гордоста во Мексико Сити.

Барајќи права за и осудувајќи го насилството врз квир заедницата во Мексико, настанот забележа околу 250.000 луѓе кои излегоа на историската авенија Paseo de la Reforma, според Владата на Мексико Сити, информира Вог.

Властите на Мексико Сити изјавиле дека очекуваат околу 300 илјади луѓе да присуствуваат на геј парадата, а пријавиле дека на истата присуствувале 250 илјади луѓе. Оттука, нејасно е од каде излезе бројката посочена во постот од 800 милиони до една милијарда луѓе кои ја гледале геј парадата?! За овие податоци во објавата на Фејсбук не е наведен никаков извор, ниту пак, има линк што би водел до ваквата информација. Очигледно е дека бројките се само така нафрлени со цел да се поттикне говорот на омраза кон ЛГБТ популацијата, што е видливо од коментарите под постот.

Оттука, објавата што ја рецензираме, ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција