Порталб: Не е точно дека Тетово има набавено електричен автобус како што пренесоа медиумите 

Фото: Тетово транспорт

Не е вистина веста дека Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ има набавено електричен автобус, кој ќе биде промовиран утре. Претпријатието издаде соопштение во кое истакнува дека ќе се промовира електричен автобус, а не дека го купила истиот како што објавија медиумите, Порталб.мк.
Компанијата во своето соопштение не посочи дека не се работи за набавка на нов автобус

Не е вистина веста дека Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ има набавено електричен автобус, кој ќе биде промовиран утре. Претпријатието издаде соопштение во кое истакнува дека ќе се промовира електричен автобус, а не дека го купила истиот како што објавија медиумите, Порталб.мк. 

Компанијата во своето соопштение не посочи дека не се работи за набавка на нов автобус

Од Фисник Џелили 

Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ вчера преку соопштение на Фејсбук информира дека утре (петок – 30 септември) ќе биде претставен електричниот автобус. 

Во соопштението во ниту еден момент не пишува дека компанијата набавила електричен автобус. Сепак, начинот на кој е напишано во соопштението е непрецизен и остава простор за недоразбирање. 

Целосното соопштение на компанијата „Тетово транспорт“ 

 

Медиумите објавија дека автобусот е купен 

Без да проверат дали компанијата набавила ваков автобус и што точно беше планирано со оваа активност, некои медиуми ја пренесоа веста дека Тетово има набавено електричен автобус, создавајќи така лажна претстава во јавноста. 

Така, некои медиуми известија дека Тетово има набавено електричен автобус, како што се ТВ 21, Журнал, Газета Експрес, Лајмпрес, Телеграм, Фљака, Газета попули, Тетова Сот и други.

Користените наслови се погрешни и во вестите не е објаснета реалната состојба, во некои стои само соопштението од компанијата, а други го толкуваа тоа дека компанијата набавила електричен автобус. 

Автобусот е само за реклама 

Директорот на ЈП „Тетово транспорт“, на прашање од Порталб.мк дали овој автобус е купен или е донација, рече дека електричниот автобус е промоција на компанијата ISUZU, додека тие како компанија прават проект за да во иднина се набават електрични автобуси. 

Дури и официјално од компанијата за Порталб.мк објавија дека не се работи за нов автобус, туку само промоција. 

„Бидејќи нашето претпријатие ЈП „Тетово транспорт“ – Тетово користи автобуси од брендот ISUZU, тие предложија промоција на нивниот најнов производ како нивна најнова иновација. Единствена цел на ова е и во нашиот град да го промовираат најновиот модел на електричниот автобус ISUZU NOVOciti, активност што ќе се спроведува и во други градови на РСМ кои имаат јавен превоз“, велат од оваа компанија 

А за тоа дали компанијата ќе купи некој таков тип, велат дека немаат доволен буџет за таков автобус. 

Одговарајќи на еден советник за електричниот автобус, на вчерашната седница на советот на општина Тетово, советникот од Движењето Беса, Арбер Ајдини, кој е и вработен во претпријатието „Тетово транспорт“, рече дека е погрешно разбрано дека компанијата набавила електричен автобус. 

„Се работи за промоција на компанијата ISUZU, првиот автобус ќе дојде во Тетово, а тие ќе прават промоции во сите градови, еден од избраните градови е и нашиот, сепак се работи за промоција“, рече Ајдини. 

 

Тетовчани утре (30 септември, петок) ќе можат бесплатно да го користат електричниот автобус што ќе кружи низ Тетово. 

Јавното сообраќајно претпријатие во Тетово располага со пет автобуси кои се купени со заем од 1,2 милиони евра од Светска банка, кој го доби општина Тетово, кој ќе се плаќа 13 години, со каматна стапка од 3%. 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција