АНАЛИЗА: Ручек во ресторан „луксуз“, драматични поскапувања во преработувачката индустрија

Фото: meta.mk

Речиси не постои сектор, бизнис, дејност, услуги каде не се зголемија крајните цени за граѓаните, пишува Порталб.мк. Во септември годинава, во однос на истиот месец лани, индексот на цени во угостителството е зголемен за фантастични 17,6 отсто, а индексот на цените на крајните производи во преработувачаката индустрија е со раст за 25,8 отсто. Драматично поскапување има и на дел од земјоделските производи

Речиси не постои сектор, бизнис, дејност, услуги каде не се зголемија крајните цени за граѓаните, пишува Порталб.мк. Во септември годинава, во однос на истиот месец лани, индексот на цени во угостителството е зголемен за фантастични 17,6 отсто, а индексот на цените на крајните производи во преработувачаката индустрија е со раст за 25,8 отсто. Драматично поскапување има и на дел од земјоделските производи

 

 

Драматичен раст на цените во преработувачка индустрија, ресторани

Цените на храната во маркетите се менуваат, односно растат на дневно ниво. Граѓани аламираа дека ист производ во различни продавници се продава со ценовна разлика и по 10, 20 денари, што укажува дека во вакви економско-кризни услови на пазарот буквално се „игра“ со цените. Поскапе храната во продавниците, на зелените пазари, но и во рестораните.

Ручек во кафана станува луксуз. Ако пред неколку месеци за две лица плаќаме максимални 1200 денари за скромен ручек, сега истиот го плативме 1.800 денари, многу е поскапено, и храната и пијалаците, вели еден скопјанец.

Во септември регистрирана е една од највисоките стапки на раст на цените во угостителството. Само индексот на цената на храната што се служи во рестораните и другите угостителско-сместувачки објекти е зголемен за 23,1 отсто во однос на септември 2021 година.

Податоците, но и реалната состојба во секторот покажуваат дека во рестораните е поскапено сè – храна, пијалаци а најголем раст на индексот на цени за драматични скоро 35 отсто има кај слатките. Но, цените во угостителството не се зголемени само на годишно, туку и на месечно ниво. Конкретно само во септември во однос на август индексот е зголемен за 16 отсто.

Угостителството е само една од крајните дејности каде се прелеа ценовниот раст од индустријата. Речиси нема домашни производители кои не ги зголемија цените на крајните производи.

Конкретно, во преработувачката индустрија која опфаќа производство на прехранбени производи, на пијалаци, облека, метали, хемикалии, во август годинава во споредба со истиот месец лани, индексот на продажните цени е зголемен за фантастични 22 отсто.

 

Индекс на цени – преработувачка индустрија  

Производство на прехранбени производи                22,8 отсто

Производство на пијалаци                                         15,3 отсто

Производство на тутунски производи                        20,7 отсто

Производство на хартија                                             28,3 отсто

Производство на хемикалии                                       21,4 отсто

Драматичен ценовен раст има и тешката индустрија, каде на пример, индексот на крајната цена во производството на метални производи е зголемен за 80,8 отсто, во производството на метали за 16 отсто, а во производство на машини и уреди за 16,5 отсто.

Ваквите цени според производителите се последица на растот на цените, пред сè на енергијата, но и на растот на цените на суровините за производство. Во август годинава во споредба со истиот месец лани во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација регистриран е раст на индексот на продажната цена за цели 51,1 отсто.

 

Раст на цените на земјоделските производи

Ниту земјоделството не остана имуно на ценовниот притисок. Но, според податоците во овој сектор е регистрирана пониска стапка на раст на индексот на цени иако нивните трошоци се значајно зголемени, па дури и одделни земјоделски гранки работат со загуба. Во август во споредба со истиот месец лани индексот на трошоците во земјоделството е зголемен за 22,6 отсто, а индексот на крајната цена на производите е со раст од 11,6%. Највисок раст на цените е забележан кај житата, оризот и компирот.

Иако дел од земјоделците ги продаваат своите производи и суровини со загуба – преку откупувачите, преработувачите па сè до маркетите, нивните производи се продаваат по значајно повисоки цени.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција