Не е точно дека НАСА на хебрејски значи измама

Фото: commons.wikimedia.org

Оваа објава што се споделува на Фејсбук е неточна. НАСА нема никаква врска со хебрејскиот јазик туку е само скратеница од целосното име на оваа институција во САД, а преводот на зборот на хебрејски не значи „измама“. НАСА (National Aeronautics and Space Administration), е независна агенција на федералната влада на САД одговорна за цивилната вселенска програма, аеронаутичко истражување и вселенско истражување

Оваа објава што се споделува на Фејсбук е неточна. НАСА нема никаква врска со хебрејскиот јазик, туку е само скратеница од целосното име на оваа институција во САД, а преводот на зборот на хебрејски не значи „измама“. НАСА (National Aeronautics and Space Administration), е независна агенција на федералната влада на САД одговорна за цивилната вселенска програма, аеронаутичко истражување и вселенско истражување

 

 

Преку објава на социјалната мрежа Фејсбук се тврди дека зборот НАСА на еврејски јазик значи измама („превара“). Ова воопшто не е точно. Ниту НАСА е збор ниту преводот на еврејски е тоа што се тврди.

NASA – NA EVREJSKI ZNACI IZMAMA,
PREVARA..

Профил на Фејсбук кој често споделува разни теории на заговор, овојпат тврди дека НАСА на еврејски значи измама. Но, она што прво треба да се знае дека е  „НАСА“ не е збор, туку акроним односно скратеница од првите букви на англиски јазик на зборовите „Национална аеронаутичка и вселенска администрација“ (National Aeronautics and Space Administration), како таква се пишува со сите големи букви. Па така, неточно е и самото тврдење за значењето односно преводот на тој збор на хебрејски јазик.

Во реалноста, ако сакаме да се обидеме да најдеме хебрејски збор што многу наликува и звучи како НАСА тоа е зборот nāśā.

Тој збор во превод не значи измама туку нешто сосема поинакво. Првенствениот превод на тој збор е „да се подигне“, а исто така значи  „поднесување“, „носење“, „преземање“.

Треба да се знае  и тоа  дека хебрејскиот јазик не ја користи истата азбука како оние кои користат англиски јазик. Зборот „наса“ всушност воопшто не постои на хебрејски, но постојат различни транслитерирани форми, како таа што ја објаснивме погоре.

Оваа теорија на заговор потекнува од еден дел од стариот завет на Библијата кој вели „И Господ Бог ѝ рече на жената: Што е тоа што го направи? А жената рече: Змијата ме измами, и јас јадев“. Зборот „измами“ е напишан nâshâ, што значи „да залута“, односно „да залажува“, „да измами“. Но овој збор има Х во него (H на англиски), и се изговара поинаку од НАСА.

Пребарувањето на интернет покажува дека оваа теорија на заговор, за значењето на акронимот НАСА, ја користат оние кои веруваат и ја споделуваат теоријата дека земјата е рамна, што исто така е неточно и преставува теорија на заговор.

НАСА повеќепати досега била цел на невистини и теории на заговор, кои Вистиномер во неколку наврати ги дебанкираше.

НАСА е основана на 1 октомври 1958 година, како дел од владата на Соединетите држави. НАСА е независна агенција на федералната влада на САД одговорна за цивилната вселенска програма, аеронаутичко истражување и вселенско истражување.

Според наведените факти, оценуваме дека оваа објава е неточна. НАСА нема никаква врска со хебрејскиот јазик туку е само скратеница од целосното име на оваа институција во САД, а преводот на зборот на хебрејски не значи „измама“.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција