Не е точно дека Конрад Аденауер бил нацист

Фото: european-union.europa.eu

Наспроти изнесеното во објавата,  Аденауер, првиот повоен канцелар на Германија бил позициониран против нацистите. По 16 години на функцијата како градоначалник на Келн,  Аденауер бил протеран од нацистите кога тие ја презеле власта во 1933 година

Наспроти изнесеното во објавата,  Аденауер, првиот повоен канцелар на Германија бил позициониран против нацистите. По 16 години на функцијата како градоначалник на Келн,  Аденауер бил протеран од нацистите кога тие ја презеле власта во 1933 година

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

ЛГБТ логото на нацистот Конрад Аденауер.

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме Конрад Аденауер, првиот повоен канцелар на Германија бил позициониран против нацистите. По 16 години како градоначалник на Келн, Конрад Аденауер бил протеран од нацистите кога тие ја презеле власта во 1933 година, раскажува за Дојче Веле политичкиот научник Ханс Јурген Клистерс (директор на научни услуги и архиви во фондацијата „Конрад Аденауер“).

По 16 години на функцијата како градоначалник на Келн, Конрад Аденауер беше протеран од нацистите кога ја презедоа власта во 1933 година.  Живееше лишен од јавни функции до 1944 година. Тој се бореше за пензија во овој период. Имаше семејство за кое требаше да се грижи и овие егзистенцијални проблеми доведоа да има депресија. Се вели дека дури размислувал и за самоубиство. Тоа беше навистина тежок период за него. Иако не бил член на отпорот, тој секогаш ги изнесувал своите ставови против нацистите. Тој, исто така, имаше за цел да го надмине национализмот во 1945 година преку меѓународен пристап. Тоа беше еден од неговите мотиви да оди напред кон Европската Унија. Имаше особена цел да воспостави сојузи со Западот, со либералните парламентарни демократии и да ги постави Германците на западниот пат, вели за Дојче Веле Јурген Кустерс.

Тоа не е единствениот извор кој наведува дека Конрад Аденауер имал спротивна идеологија од онаа на нацистите, поради што трпел и реперкусии. На сајтот на Европската Унија ги пишува основните биографски факти за Аденауер. Меѓу нив е тоа дека е роден во Келн на 5 јануари 1876 година, дека бил активен во политиката, дека бил член на католичката партија „Центрум“ и дека станал градоначалник на Келн во 1917 година. Но, потоа се додава:

Од крајот на 1920-тите, нацистичката партија почна клеветничка кампања против Аденауер. Во 1933 година, откако нацистите дојдоа на власт, Аденауер одби да го декорира градот со свастики по повод посетата на Хитлер. Потоа тој беше отстранет од функцијата а неговите банкарски сметки беа замрзнати, пишува на сајтот на ЕУ.

Би Би Си пишува дека Аденауер бил уапсен од страна на Гестапо во септември 1944 година и обвинет дека за вмешаност во неуспешниот јулски загоор против Хитлер.

Истиот извор наведува дека Аденауер бил отстранет од функцијата градоначалник на Келн откако нацистите дошле на власт и бил затворен во затвор на кратко во 1934 година. Истото го наведува и музејот Џ.Ф.Кенеди.

И други извори нотираат дека спротиставувањето кон нацизмот и неговиот продемократски поглед, довеле до тоа Аденауер да биде тргнат од функцијата.

Аденауер стана мета на голема пропаганда која ги експлоатираше неговите пријателски односи со Евреите. Тој и неговиот семеен живот станаа загрозени, принудувајќи го да бега од Келн во Берлин.

Аденауер беше тој што во 1952 година ја изрази својата поддршка за влегување во преговори со Конференцијата за еврејски материјални барања против Германија и со државата Израел, за да се обезбеди компензација за Евреите преживеани од Холокаустот.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Не е точно дека Конрад Аденауер бил нацист.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција