Рецензија: ФОТО: Му го полил со бензин и го запалил – погледнете што остана од луксузниот Мерцедес на овој велешанец

1425476_10152402435462576_27655795_o-crop-resize

Навидум „мала“ грешка во насловот, која толку лесно се воочува и не го остава рамнодушен читателот да не ја искоментира. Во неколкуте реченици се нуди информација за запалени луксузни возила во Битола, на битолчани, на улица во Битола, се нудат фотографии на кои се гледаат битолски регистарски таблички, а во насловот пишува дека возилото било на велешанец. Во текстот таков податок не се нуди, па читателот може само да погодува дали авторот брзал и направил грешка во насловот или знае други информации кои не ги навел во текстот.

1425476_10152402435462576_27655795_oЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Му го полил со бензин и го запалил – погледнете што остана од луксузниот Мерцедес на овој велешанец

Датум и време на објавување: 17.11.2013

Датум на рецензирање: 19.11.2013

Рецензент: Саше Димовски

Вистинитост: Според понудените фотографии станува збор за вистинита информација, во која е наведен извор, полиција, од каде што се добиени и иницијалите на сопственици на возилата и улицата на која бил подметнат пожарот.

Извори на информации: Посочен полициски извор, без прецизирање дали станува збор за информација од СВР Битола или МВР на РМ.

Содржајност: Веста нуди основни информации за настанот, без да навлегува во непотребни дополнителни претпоставки за мотивот и за тоа кои се сопственици на опожарените возила.

ФОТО Му го полил со бензин и го запалил Press24Квалитет на насловот: Насловот е проблематичниот дел од веста, бидејќи ни нуди информација да видиме што останало од опожареното возило на некој велешанец, за во содржината и преку фотографиите да воочиме дека станува збор за битолчанец!

Фотографија: Користени фотографии од увид кои ја дополнуваат содржината која се нуди како информација, иако токму фотографиите го откриваат лапсусот од насловот, дека возилото е на битолчанец, барем според табличките, а не на велешанец.

Заклучок: По реакција од читатели на социјалните мрежи, редакцијата го корегираше насловот, од каде што исчезна „велешанец“, а на негово место беше напишано „битолчанец“.

Редакцијата не објасни дека врши корекција на насловот што ќе беше еден симпатичен гест кон читателите дека забележале грешка, а по нивна реакција истиот е корегиран. Но, рецензиите, меѓу другото имаат и ваква цел, да укажат на очигледни грешки, кои се сторени од брзање или невнимание, кои доблесно е да се отстранат штом се воочи дека на нив укажале читателите, како што е сторено во овој случај.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција