Рецензија: Од денеска 1600-те на работа

МРТ-2013-12-03-15-21-32-crop-resize

Простете, но ова не може да се игнорира. Овој текст ги уништува и последните надежи и на најбрутален начин ја потврдува медиумската (не)култура и (не)писменост за која зборува Европската Комисија во својот извештај во однос на еден дел од медиумите во Македонија. Ова, што го рецензираме тука, е навреда за новинарството. Овде нема само медиумска неписменост, туку и елементарна неписменост.

МРТ-2013-12-03-15-21-32Линк до оригиналниот напис: Од денеска 1600-те на работа

Датум и време на објавување: 02.12.2013 12:56

Датум на рецензирање: 04.12.2013

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Дури и сето ова да е вистинито и неспорно, вака како што се известува за оваа „вистина“ е навреда и за таа вистина, потсмевање, непочитување на проектот, на луѓето кои се споменуваат. Прво тоа, а второ – полно е со неподнослива пропаганда. Да не заборавиме: неписмена пропаганда.

Извори на информации: Изворите на информации се ставени во недостоен „новинарски“ производ. Како ли може да се чувствува некој кој е „искористен“ со изјава за да биде ставена во толку медиумски неписмен текст?

Содржајност: Единствено во што е сеопфатен овој текст, е во неговата елементарна и медиумска неписменост. Мноштво граматички, правописни, синтаксички грешки… Неподносливо, навредливо неписмено. За кого е пишуван овој текст? За кого го уредувале овој текст уредниците? За што ја сметаат публиката на која и се обраќаат? Ова е навистина навредливо.

Единствено точно, без грешка, е напишано името и презимето на авторот. За нејзина несреќа.

Пристрасност: Апсолутна пристрасност. Апологија без усул.

Коментирање: Нема реченица, пасус без коментар, без пропаганда.

Оригиналност/Плагијат: Оригинален текст за студија на случај.

Квалитет на насловот: Насловот е како за некој каубојски филм: „12-те величенствени“, „300“, „101 далматинец“…

Фотографија: Којзнае зошто е ставена оваа фотографија? Министерот за образование, кој воопшто не се споменува во текстот, во „спонтан“ разговор со некои госпоѓи во бели униформи (???!!!???). И изборот на фотографијата ја отсликува елементарната медиумска неписменост. Освен ако не мислеле дека овој министер е сѐ уште не чело на Министерството за труд и социјална политика кое е одговорно за политиките за вработување. Ама не е веќе.

Говор на омраза: Уште тоа недостасува, па да биде комплетна оваа лакрдија од „новинарски“ продукт.

Заклучок: Зошто воопшто имало потреба ваков еден текст да се појави на официјалната страница на државниот медиум и уште да стои, еве веќе два дена?

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција