Рецензија: Градоначалникот на Атина ќе го посети Скопје

Portalb-Krye-bashkiaku-i-Athinës-do-të-vizitoje-Shkupin-crop-resize

Текстот пренесува една изјава на градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, кој зборува за дипломатските односи помеѓу двете соседни земји и демократскиот дух во кој овие односи треба да се развиваат. Дополнително, во текстот се наведуваат и изјавите на Каминис во врска со политичките збиднувања во Македонија. Сепак, во ниту една од интегралните изјави во овој напис, не се споменува она што стои како столб на текстот – посетата на атинскиот градоначалник на Ма кедонија. Оттука, написот може да го сметаме за несоодветен и некохерентен.

Portalb   Krye bashkiaku i Athinës do të vizitoje ShkupinЛинк до оригиналниот напис: Градоначалникот на Атина ќе го посети Скопје. (Преводот на веста на македонски јазик можете да го најдете овде.)

Датум и време на објавување: 20.10.2013

Датум на рецензија: 25.11.2013

Рецензент: Гент Мехмети

Вистинитост: Вистинитоста на изјавите во текстот е речиси непобитен факт. Меѓутоа, еден дел на написот, што е објавен во рецензираната вест, каде што се наведува дека градоначалникот на Атина ја прифаќа поканата на градоначалникот на град Скопје, не е нималку за верување. Во прв ред, таа не е за верување, бидејќи тоа го нема во изјавата на градоначалникот на Атина.

Извори на информации: Написот содржи повеќе информации. Еден дел од нив се засноваат во изјавите на атинскиот градоначалник, додека другиот дел, за жал, не се потпира на поконкретни извори. Наводот за потврдената посета од страна на градоначалникот, звучи како претенциозна и непоткрепена измислица. Прекршувањето на принципот на проверка на изворот води кон тоа написот да се оцени како инфериорен новинарски прилог. Сите релевантни кодески на новинарството ја предвидуваат проверката на податоците како морален и професионален императив на новинарот што не смее да се пренебрегне.

Содржајност: Секако дека изјавата, на која што се осврнавме погоре, влијае драстично врз содржајноста. Содржајноста е погодена од оваа извртена интерпретација на изјавите на Јоргос Каминис до таа мера што и останатиот дел од текстот се става под знак прашалник. Меѓутоа, останатиот дел од написот се потпира врз интегралните изјави за кои се гледа дека се автентични.

Пристрасност: Пристрасноста во овој случај не може толку едноставно да се детектира. Имајќи ја предвид независната природа на матичниот портал каде што е лиферувана информацијата, не сме во можност да обвинуваме дека има такви тенденции. Меѓутоа, измислувањето и пласирањето на информации во период на тензични односи помеѓу двете соседни земји алудира на постоење на предиспозиции за медиумски спин.

Оригиналност/Плагијат: Написот е прилог инспириран од другите медиуми и затоа не може да се карактеризира со некоја посебна оригиналност.  Сепак, тој не е плагијат, бидејќи само се служи со изјави што се пласирани во другите медиуми за да ги потврди наводите.

Квалитет на насловот: Насловот е фундаментот на оценките од оваа рецензија. Тој концизно ги сумира незаснованите наводи на овој напис и нескромно во медиумскиот простор пласира непроверени тези.

Фотографија: Фотографијата го портретира градоначалникот Јоргос Каминис и како таква таму е само за да го илустрира написот. Сепак, легендата под неа ѝ дава друг контекст, што нуди лажна гаранција за насловот на текстот.

Заклучок: Користени се непроверени факти за на написот му се даде посакуваната насока. Едно такво пренебрегнување на параметрите на професијата говори за недостиг на внимание при пренесувањето на информацијата.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција