Рецензија: „Факом“ ќе го креира изгледот на плоштадот ВМРО

Факом ќе го креира изгледот на плоштадот ВМРО lider-crop-resize

Вест која ја рецезираме изгледа сосема коректно и ги задоволува стандардите за овој вид новинарски производ.  Во десетина реда авторот објаснува дека на територија на Општина Центар ќе се уредува просторот пред седиштето на владеачката партија, при што ќе биде изграден новиот плоштад. Како таква, привлекува внимание на читателот од повеќе причини, но има само една мана со која ги нарушува стандардите на професионалното новинарство. Не знаеме дали е точна. Авторот никаде не го спомнува изворот на информацијата и поради тоа неговиот производ има негативна рецензија.

Факом ќе го креира изгледот на плоштадот ВМРО liderЛинк до оригиналниот напис: „Факом“ ќе го креира изгледот на плоштадот ВМРО

Датум и време на објавување: 04.01.2014,  12:15

Датум на рецензирање: 07.01.2014

Рецензент:Александар Писарев

Вистинитост: Информацијата е сериозна, се спомнуват големи цифри на пари со кои ќе се инвестира во изградбата на споменатиот плоштад, но фактите не се поткрепени со извор, изјава или било каков документ, на кој авторот се повикува, затоа оправдано можеме  да се сомневаме во вистинитоста на целата информација.

Извори на информации: Нема извор на информации. Веста е објавена и на други портали, од каде најверојатно е преземена, но намерно или случајно е изоставено да се каже дека во врска со спомнатата инвестиција имало јавен оглас и дека надлежната комисија на градот Скопје одлучила  „Факом“ да го изработи основниот проект. Другите портали тоа прецизно го навеле како извор.

Содржајност: Ако се изземе фактот дека во веста не е спомнат извор на информации, што треба да биде е составен дел на содржината, останатиот дел од информацијата е коректен и содржаен.

Оригиналност/Плагијат: Информацијата е потпишана како редакциска вест. 

Квалитет на насловот: Насловот е стереотипен за вообичаените вести кои најавуваат изградба на нови објекти. Можел да биде и покреативен.

ФотографијаФотографијата е сателитска снимка на локацијата каде треба да започне изградба на споменатиот објект и со оглед на квалитетот и премногу ситни детали, недоволно го илустрира текстот. Нема легенда и извор на фотографијата, иако при симнувањето од интернет останал симбол на Google.

Заклучок: Младите и оние не така млади новинари би требало над своите бироа да го имаат Кодексот на новинарите на Македонија и да се придржуваат до неговите основни начела.

Во овој случај не е испочитувано основно начело на Кодексот, кое е содржано во членот 1. и укажува на обврската на новинарот да го посочи изворот на информација, или да објасни дека информацијата не може да сe потврди.

Член 1.

…„Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави“…

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција