Рецензија: Босански воен инвалид бара истрага

www_vecer_com_mk_default_asp_ItemIDEE-00987-crop-resize

Вистинито информирање и точно наведување на факти со назначување на изворот се основните професионални барања што медиумот треба да ги почитува. Рецензираме напис кој се однесува на двајца високи државни функционери од соседна земја, против кои поранешен припадник на Армијата на БиХ поднел барање за покренување истрага поради воените злосторства. Објавување на ваква сериозна вест, без посочување на изворот, кај читателите може да предизвика сомнеж во вистинитоста, а на државата да ѝ наштети во меѓусебните односи со соседната држава.

FireShot Pro Screen Capture #105 - 'Вучиќ и Николиќ посочени како воени злосторници' - www_vecer_com_mk_default_asp_ItemID=EE Линк до оригиналниот напис: Босански воен инвалид бара истрага

Датум и време на објавување: 03.02.2014

Датум на рецензирање: 03.02.2014

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Бидејќи не е посочен никаков извор на информацијата, како да веруваме дека е вистинита.

Извори на информации: Нема извор на информации. Со нашата проверка идентичната вест е објавена и во Србија и во Хрватска. Тамошните медиуми се повикуваат на пишувањето на медиумите во БиХ и ги посочуваат извор.

Содржајност: Веста е содржајна и јасна, само не знаеме дали е веродостојна поради гореспоменатите причини.

Оригиналност/Плагијат: Информацијата е плагијат.

Квалитет на насловот: Насловниот блок (наднасловот и наслов) се јасни и точно упатуваат за што се работи во прилогот.

Фотографија: Препознатливи се ликовите на двајца високи функционери од Република Србија.

Заклучок: Основниот проблем на написот е изворот на информации. Медиумот не го посочил изворот, иако оваа содржина била вест на денот во целиот регион. Очигледно е пренесена од некој од српските  или хрватските портали, но не е обрнато внимание дека и тие се повикуваат на медиумите од БиХ.
Со мала проверка идентична вест пронајдове и на српските и на хрватските и на медиумите во БиХ.

Не е испочитуван член 4 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 4.

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите…

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција