Рецензија: ФОТО: Приватните фотки што се кријат во телефонот на една девојка

Press24_-_2014-02-17_1653041-crop-resize

Еротски или информативен сајт? Ова е прашање што ќе си го поставите ако ја отворите адресата на медиумот кој ви предлага, во самиот наслов, да ги видите приватните фотографии на една девојка.

Девојката се вика Шарлот Спрингер, ни вели сајтот. И се сликала во повеќе провокативни пози. Сајтот не открива која е причината за полуголите фотографии и кому му биле наменети. Категоријата на фотографиите сајтот ја има опишано како «HOT».

Мало пребарување на интернет открива дека Спрингер е британски модел и дека не станува збор за приватни фотографии. На нејзиниот сајт можат да се најдат повеќе провокативни фотографии и видеа кои се на граница на порнографија. На нејзиниот сајт може да се најде и понуда за платено зачленување на сајтот и пристап до повеќе фотографии и видеа на други девојки кои од сето тоа веројатно живеат.

ФОТО_Приватните_фотки_што_се_кријат_во_телефонот_на_една_девојка_Press24_-_2014-02-17_16.53.04

Линк до оригиналниот текст: ФОТО: Приватните фотки што се кријат во телефонот на една девојка

Датум и време на објавување: нема датум

Датум на рецензирање: 17.02.2014

Рецензент: Светлана Јовановска

Вистинитост: Фотографиите се земени од интернет.

Извори на информации: Извор на информации се фотографии најдени на интернет.

Содржајност: Нема.

Пристрасност: Нема.

Коментирање: Нема.

Оригиналност/Плагијат: Фотографии земени од интернет.

Квалитет на насловот:  Насловот е мамка која најавува приватни фотографии најдени во телефонот на една девојка, додека, всушност, се работи за фотографии на модел.

Фотографија: Фотографии без објавено авторство.

Заклучок: Во принцип немаме ништо против овој бизнис на продавање на убавината на интернет, но на овие фотографии нема ниту збор текст или какво и да е објаснување. Со оваа постапка, сајтот, кој претендира да биде сериозен, ризикува да испрати погрешна порака главно до младите кои го читаат: дека разголените фотографиите заслужуваат место во друштвото на актуелностите. Врз голите фотографии може да се прочита најавата, на пример, за интервју на Зоран Т. Поповски, предложен за претседател на државата.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција