Рецензија: Македонија останува најдобра во регионот во борба против трговија со луѓе

Македонија-2-останува-најдобра-во-регионот-во-борба-против-трговијата-со-луѓе-I-crop-resize

Првата лекција во новинарството е веста и гласи дека таа мора да биде актуелна, се започнува со денес, или утре, а никако со вчера, бидејки граѓаните „ретко“ ги интересира она што се случило вчера. Мора да биде содржајна и точна.

Во веста што ја рецензираме медиумот се повикува на „бројки и податоци во годишниот извештај за борба против  трговија со луѓе“ , но немаме информација за која година е извештајот и кој го поднел. Се добива впечаток дека информацијата е ,,извадена од замрзнувач и подгреана“ за пред евентуалните избори да претстави уште еден од серијата на „најновите успеси на Владата“ дека Македонија во регионот е најдобра во сé , па и во борбата против трговијата со луѓе. Веста не е точна, Извештајот на Стејт Департментот, на кој медиумот се повикува во еден дел од содржината, без да објасни од кога е и што содржи, е за 2012 година, а презентиран е уште на 17 јуни 2013 година.

FireShot Screen Capture #115 - 'Македонија 2 останува најдобра во регионот во борба против трговијата со луѓе I Сител ТелевизЛинк до оригиналниот напис: Македонија останува најдобра во регионот во борба против трговија со луѓе

Датум и време на објавување: 22.02.2014

Датум на рецензирање: 22.02.2014

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Целата вест е составена од полувистини за кои медиумот не наведува извор. На крајот се повикува на последниот извештај на Стејт Департментот и на некаква изјава на министерката за внатрешни работи кои немаат директна врска со насловот и не знаеме за кој период се однесуваат. Под снимката со изјавата на Министерката, со која е илустрирана вест, нема објаснување кога, каде и по кој повод Министерката зборувала на оваа тема. Според содржината на сајтот на МВР, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулвоска, на оваа тема зборувала заедно со заменик на амбасадорот на САД во врска со извештајот на Стејт Департментот за трговија со луѓе на 20. јуни 2013 година.

Извори на информации: Изворот на информации не е прецизно означен и не се наведени документи врз основа на кои е направена информацијата.

Содржајност: Таа не е содржајна и не е јасна. Пред сѐ, не е објаснето за кој период се однесуваат податоците и кога, каде и по кој повод зборувала министерката на оваа тема. Се повикува на  некаков годишен извештај без да се наведе чиј е извештајот и за кој период – за која година. Повикувањето во февруари 2014 година на извештајот на Стејт Департмент од 17 јуни минатата година, а се однесува на 2012 година, „може да биде актуелно само во содржина на семинарска работа“ на тема „Трговија со луѓе“, а не во дневните вести.

Во содржината се манипулира со лидерство во регионот, а, всушност, позицијата на Македонија се однесува на редот на оние земји кои целосно ги спроведуваат стандардите за спречување на овој вид криминал.

Пристрасност: Очигледна пристрасност кон владините политики и обид со бајата информација, која е пренесена нејасно и непотполно, да се изманипулираат гледачите и читателите и да се прикаже уште еден „успех на владините политики“ кои Македонија ја поместиле меѓу регионалните лидери.

Оригиналност/Плагијат: Прилогот е оригинален без потпис на ауторот.

Квалитет на насловот:  Насловот е во функција на спинот за Владата и не одговара на содржината на прилогот. Во насловот Македоније е прикажана како лидер, „останува најдобра во регионот“… а во текстот се вели дека „Македонија спаѓа во ред на оние  кои целосно ги спроведуваат стандардите за спечување на овој вид криминал“ што не е исто.

Фотографија: Видео прилог со изјава на министерката Гордана Јанкуловска, за кој не е дадено појаснување од која конференција за печат е и кога е одржана.

Заклучок:  Да се вратиме на почетокот од рецензијата, дека веста мора да биде актуелна, точна и содржајна, зашто овој новинарски производ не е вест и не е содржаен. Во „серијата лидерства“ кои „Македонија ги има во светот, во Европа и во регионот“ медиумот сакал да ја прикаже земјаа како лидер и во областа на борбата против трговијата со луѓето. Притоа, наместо содржајно, јасно и со факти да ја објасни положбата на државата која е за пофалба во оваа област и, декаспоред Извештрај на Стејт Департментот кој го објавило и МВР заедно со заменик амабасадорот на САД  во Р. Македонија  Брајан Агелер уште на 20. јуни 20013 година, Македонија повторно и во 2012 година, исто како и за 2011, 2009, 2008 е рангирана во групата ТИЕР-1 држави кои што целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговија со луѓе“,  ги манипулира гледачите и читателите со некакво си лидерство. Притоа, веста се прикажува како да е од денес, иако е објавена и на сајтот на МВР и од надлежната Комисија за оваа област при Владата на Македонија уште на 20 јуни минатата година, односно веднаш по Извештајот на Стејт Департментот.

Дека се работи за подгреана информација покажува и самиот наслов, кој е преземен од документот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе, објавен на 20 јуни 2013 година,  но и таму се зборува само за рангирање на Македонија во група ТИЕР 1.

Во истиот период и другите држави го објавиле Извештајот од кој се гледа дека сме во група со 31 земја, а во регионот сме заедно со Хрватска и тоа требало да се каже во веста, што повторно значи дека не сме единствените лидери во регионот.

Не е испочитуван член 1. од Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива  суштински податоци и да фалсификува документи.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција