Рецензија: Русија до Украина: Предајте се или напаѓаме во 5 часот наутро

03042014-Rusite-napagjaat-N-crop-resize

Веста што ја рецензираме тука е своевиден преседан во праксата во македонското новинарство, а богами и во светот, зашто ако било кога и било каде била објавена ваква вест, таа секако ќе влезела во учебниците по историја. Бидејки на авторот на оваа рецензија не му е познат ваков податок, затоа со голема сигурност тврдиме – преседан, зашто веста, најавената новина во насловот, се демантира самата себе си уште во првата реченица.

За да бидеме фер, треба да кажеме дека оваа информација на 3 март ја објавија многу медиуми, но она што не натера да го избиреме овој медиум е бесмисленото објавување со самодемант. Тоа зборува дека редакцијата веќе знаеле за демантот, но подлегнале на сензационализмот што го предизвикува тврдењето во насловот, иако, во моментот кога е објавен немал никаква основа.

03042014-Rusite-napagjaat-NЛинк до оригиналниот напис: Русија до Украина: Предајте се или напаѓаме во 5 часот наутро

Датум и време на објавување: 03.03.2014, 20:01 

Датум на рецензирање: 04.03.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Се разбира дека не е вистинита и авторите (новинарот и уредникот) на оваа информација сами себе си го порекнале категоричното тврдење во насловот дека Русија ќе ја нападне Украина во 5 часот наутро.

Демантот на насловот што го пренесува медиумот што ја објавил оваа содржина под еден ваков сензационалистички наслов, доаѓа од врвот на руското Министерство за одбрана. Категорично и без ниту најмала калкулација.

Извори на информации: Медиумот чија вест ја рецензираме, се повикува на руската агенција Интерфакс, истата агенција која малку подоцна го објави и демантот на руското Министерство за одбрана. Ако проценувама според тајмингот кога е објавена веста за наводниот ултиматум на агенцијата МИА, демантот следувал после 2 часа и 10 минути. ТиЕ два часа ја прават големата разлика.

Содржајност: Има едно интересно сознание кога станува збор за парашањето на содржајност или сеопфатност поврзан со оваа вест, од што, како искуство, може да се извлече дека умереноста и одмереноста е многу добра ососбина за новинарите. Имено, прегледот на медиумите во тој период на денот (3 март) кога оваа информација се „проби“ на врвот на листата актуелни вести, покажува дека еден добар број на медиуми ја покажале таа умереност и одмереност и за час/два го одложиле објавувањето на таа вест. Тоа било доволно за да стигне демантот и потоа веста да се објави така дека Русите демантираат и тврдат дека таквата информација е бесмислица.

Вакви вести не се играчка и подобро е да се почека час или два за да се провери и дури потоа да се објави. Вака, станува студија на случај „како не треба“.

Заклучок: Колку и да сме строги во нашата оценка, признаваме: Искушението е големо, да се објави или не? Но, зошто да не се провери со уште еден извор. Да се добие на време. Во овој случај цената изнесувала „Два часа и десет минути“ за да бидете одмерен, релевантен медиум. Тоа не е голема цена.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција