Рецензија: ВИДЕО: Пакет празни зборови-нова понуда од СДСМ

b1-0987-0099-crop-resize

Наслов, два видео-клипа и ниту еден збор повеќе, а толку згрешен производ. Зашто? Затоа што и воопшто не е новинарски материјал, а се „продава“ како вест. Поточно, станува збор за политичка „црна кампања“ или ако сакате „антикампања“, а притоа тоа никаде не е наведено. Грешката, а верувам дека е намерна, е направена токму во екот на предизборитето и има за цел да дискредитира еден од претседателските кандидати и партијата која застана зад него. Тогаш за какво новинарство овде зборуваме? Тоа е и поентата, нема новинарство, туку политички маркетинг.

bЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Пакет празни зборови-нова понуда од СДСМ

Датум и време на објавување:  10.03.2014, 15:42

Датум на рецензирање:  11.03.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СТАНДАРДИТЕ ОТИДЕНИ „ПО ЃАВОЛИТЕ“

Овде имаме работа со јасна тенденција политичко рекламирање, односно омаловажување на противникот да се протури како информација. Таквиот обид претставува најбрутално прекршување на одредбите на Кодексот на новинарите на Македонија.

„Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата“ – член 6 од Кодексот;

 

„Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“ – член 14 став 2 од Кодексот.

Неразбирлив е потегот да се земат два видео материјали лиферувани од опозицијата, притоа дополнително „нашминкани“ и измонтирани, и да се прикажат како да станува збор за легитимна понуда на таа партија во пресрет на изборите. Прво, никаде не е наведено дека станува збор за очигледен, од некого, платен маркетинг. Второ, јасна е манипулацијата во слоганот „Пакет празни зборови-нова понуда од СДСМ“. Кој го вели ова, опозицискиот кандидат, монтажерот, новинарот, „партиската лабораторија“? Навистина, срамота. Барем да се имало мерка во тоа до каде ќе се одело во спроведувањето на нарачката. Каде се критериумите и стандардите? Пак самиот ќе си го дадам истиот одговор: „Изгледа се отидени по ѓаволите“.

 

ШКОЛСКИ ПРИМЕР ЗА ТОА КАКО НЕ ТРЕБА

Ако ни се малку нашите професионални кодекси и стандарди, еве што, на пример, вели Друштвото на професионални новинари, кое повеќе од 100 години е посветено на охрабрување на климата во која новинарството ќе се спроведува послободно, со почитување на високите стандарди и ЕТИЧКО однесување:

„Избегнувајте конфликт на интереси, реален или така перецепиран;

 

Бидете упорни и храбри во повикувањето на одговорност на тие кои се на власт;

 

Правете разлика меѓу застапување интереси и известување“.

Што повеќе да се пишува, што повеќе да се анализира за тоа дали имаме содржајност, какви извори се употребени, има или не пристрасност, дали се присутни коментари, оригинал е или копија, каков е насловот итн….

Едноставно, по восприемањето на овој „продукт“, како новинар, чувството на срам и резил е присутно, а инстиктот на гадење неизбежен.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција