Рецензија: Со кого зборуваше Стево Пендаровски по телефон, со Манчевски или со Енвер?

Pendarovski-so-Ekrem 001-crop-resize

Епохално откритие. Фатен претседателскиот кандидат со кого зборувал на телефон. Телефонскиот разговор на едниот од претседателските кандидати, кој се појави на Јутјуб, секојдневно „ја тресе“ македонската јавност. Секојдневно, како во буре без дно се пласираат информаци која од која пошпекулативна. Да биде зачуденоста уште поголема, секоја нова шпекулација е повеќе небулозна од претходната. Да биде па работата и трагична, во оваа вест се имплицираат дури и меѓунационалните односи во контекст да се навредат и кандидатот за претседател и цела етничка заедница во Македонија. Тоа во овие времиња донекаде е опасно и далеку од здравиот памет. Но, кој вика дека во време на кампања во Македонија има здрав памет. Доволно е да се прочита овој пасус и да се заклучи колку злоба има во текстот:

Дали со ваквите потези, Пендаровски повторно пробува да им се умилкува на Албанците, како што им се додворува на Бугарите? До кого се ќе продолжи да се умилкува Пендаровски само за да дојде до претседателската фотеља останува допрва да видиме.

Pendarovski so EkremЛинк до оригиналниот напис: Со кого зборуваше Стево Пендаровски по телефон, со Манчевски или со Енвер?

Датум и време на објавување: 12.03.2014, 12:09

Датум на рецензирање: 12.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ТЕКСТ ОД МАЛИ ЃОКИЦА

Целиот овој текст како мали Ѓокица размислува за истражувачко новинарство. Се загнал авторот да го пронајде фамозниот Енвер од телефонскиот разговор и, замислете, успеал. Од илјадници Енвери, од десетици презимиња Усеин во Македонија тие го нашле токму тој.

Пронајдовме еден Енвер Усеини со кого Пендаровски навистина имал конверзација на Фејсбук во петокот, што може да се види од сликата.

Изворот на иформации треба да биде наводната конверзација на Пендаровски со извесен Енвер Усеин. Потоа, без прашање се пласира таа фотографија од Фејсбук страницата на извесниот Енвер. И од една конверзација на Фејсбук се заклучува дека тоа е токму тој.

По овие реакции за тоа со кого кандидатот за претседател на државата на опозициската СДСМ, Стево Пендаровски, разговараше по телефон и закажа кафе-маубет, Нетпрес, реши да истражи кој всушност е Енвер.

 

ШТО ЌЕ МИ Е ТЕЛЕФОН

Не може од целиот Фејсбук систем во Македонија да се лоцира едно лице и да се тврди дека токму тој е човекот кој се бара. Прво правило во новинарството, еве ако запнале да истражуваат (обично „небитна работа“), е да се јават и кај посочената страна. Од текстот се гледа дека не само што не се јавиле, туку и со сигурност се тврди дека е пронајден фамозниот човек. „Друго дваесет“ е што со текстот се влегува во интимата на човекот, кој не верувам дека му се јавиле да прашаат дали ќе им даде согласност да го објават неговот име.

Кодекстот на новинари, пак, во член 7 вели:

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.

Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.

Целиот текст е пристрасен, без аргументи, со нафрлени тези. Дека е опасен по новинарството не треба ниту да се зборува, се гледа од авион, но вакви текстови се опасни и по меѓунационалните односи. Башка што сака да се наметне тезата „еве сега Пендаровски со кого крои планови“:

Дали со ваквите потези, Пендаровски повторно пробува да и се умилкува на Албанците, како што им се додворува на Бугарите? До кого се ќе продолжи да се умилкува Пендаровски само за да дојде до претседателската фотеља останува допрва да видиме.

Целиот текст е коментирање, на база на една фотографија и на следнив пасус изваден како теза:

Фамозниот телефонски разговор на Стево Пендаровски со извесен Енвер од Зајас, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Можеше да се прочитаат најразлични коментари и негодувања, па се до претпоставки дека Стево всушност разговара со Дамјан Манчевски кој е во соседната канцеларија.

 

МЕСТО ЗАЈАК ФАТЕН Е ЕЖ

Се гледа дека написот е работен „студиозно“, најверојатно требало време и време да се дојде до човекот. Поточно до четот на Пендаровски.

Насловот треба да предизвика сензација од големи размери. Конечно зајакот е фатен. Ама, се чини дека не им успеало. Фатен е еж место зајак.

Фотографиите злоупотребуваат како луѓе, така и судбини. Башка што посочениот Енвер е фотографиран со пушка во рака, што сака да имплицира и други работи. Во најмала рака понижувачки и за двајцата посочени луѓе во приказната.

Текст подготвен за тужба веднаш. Вакво малтретирање и непочитување на приватноста на луѓето е недозволиво. Но тоа само покажува какви избори ќе имаме и какви текстови ќе се изначитаме.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција