Рецензија: „Загор“, „Дилан Дог“ и други стрипови на македонски јазик

Zagor-foto-0987-0099-crop-resize

Овде не се работи за текст кој е невистиниот. Напротив, веста е точна и веќе во продажба се стриповите со „Загор“ и „Дилан Дог“ на македонски јазик. Тука се работи за неточни податоци од друг тип. Имено, станува збор за тоа кој ги издал овие стрип изданија на македонски јазик. За да им биде на читателите појасно, мора малку да го проанализираме „случајов“ за да се сфати поентата кој прв почнал…

На почеток ќе кажеме дека тука, всушност, се играло расипан телефон. Па, така, преземајќи го текстот, повеќето редакции (како и оваа) направиле забуна и грешка во издавачот на стриповите. Имено, издавач на стрипот е фирмата М-КОМИКС. Тоа го има во текстот. Но, најдолу за изјава е посочен Ване Трајков, кој, пак, е преставник на Стрип центар на Македонија (СЦМ) со седиште во Велес. Е, ова не е во ред. Посочениот Трајков нема никаква поврзаност со М-КОМИКС, освен, нели, соработка. Па, поради тоа што М-КОМИКС сакала оваа вест да допре секаде, а Стрип центарот на Македонија имал развиени контакти со медиумите, одлучиле, во интерес на стрипот, заеднички да лиферуваат соопштение до јавноста преку мејлот на СЦМ. Соопштението било напишано коректно. Но, по после првиот медиум, „Дневник“, кој соопштението го презел коректно, подоцна сите медиуми ја повторуваат истата грешка. Имено, го посочуваат Трајков како „главен виновник“ за стрипот. Тоа предизвика бурни рекации низ Фејсбук и на страниците каде се дебатира за стрипови.

ZagorЛинк до оригиналниот напис: „Загор“, „Дилан Дог“ и други стрипови на македонски јазик

Датум и време на објавување: 21.03.2014, 08:43

Датум на рецензирање: 24.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ДА СЕ ВНИМАВА И НА СОДРЖИНАТА, НЕ САМО НА ФОРМАТА

Вака излегува дека целиот текст е невистинит. Тоа се случува кога не се внимава што е напишано во официјалното соопштение, туку се „внимава“ кој го испратил мејлот. Соопштението било испратено од имејл адресата на СЦМ, но бил искористен само како алатка, средство за комуникација. Текстот го зел ова здраво за готово и веднаш кај нив го лоцирал издавачот на стриповите. Тоа се случува кога не се внимава на содржината, туку само на формата.

Кога станува збор за изворите на информација работата станува заплеткана. Треба повеќе пати да се прочитаат дебатите на Фејсбук страниците на СЦМ и други, кои се занимаваат со стрипови, за да се одврзе клопчето. Секако, ова има и позитивни страни. Да не беше текстот немаше да знаеме дека кај стрип заедницата во Македонија има толку голем интерес, што е секако за поздрав. Дури не сме знаеле ниту дека има толку љубители на стрипот, што навистина е за восхит. Ако ништо друго, тесктов барем ни ја откри оваа состојба, а новинарската грешка (чинам таа подоцна и со демант е поправена), изгледа можеби минорна во споредба со тоа што предизвика внимание за стрипот.

Текстот има „месо“, полн е со информации, но погрешно е посочен изворот. Инаку, посочениот извор убаво објаснил сѐ – за што се работи и како се работи, но тој бил само линк, а не и оној кој треба да објаснува.

 

НЕНАМЕРНА ГРЕШКА

Нема пристраснот и се гледа дека во текстот е направена  ненамерна грешка. Нема коментирање, ова е класична вест за промоција на стрипови на македонски јазик.

Не се знае дали текстот е оргинал. Фирмата тврди дека било испратено соопштение, и освен изворно во првиот медиум каде што бил објавен текстот, понатаму грешката се повторува кај сите други медиуми. Ова може да значи дека текстовите се преземани со копи-пејст.

Текстот покажува две слабости. Тие дека еден работи, а другите медиуми само копираа т, и втората е дека не се внимава на тоа што се работи, туку се тргнува со идеја само да има, а не и што ќе има. Треба да се внимава повеќе, секако, најмногу во тоа да не се копираат текстови од други, за да не му се јаде трудот на колегата, а за грешките од другиот вид ги имало и ќе ги има, па не се ниту страшни, ниту поопасни од оваа состојба во која веќе сме.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција