Рецензија: ФОТО: Црвенковски идол и на други опозиционери

oc-0987098700-0980-crop-resize

Личниот опис на спинот, онаков каков што е претставен во учебниците, овде е доведен до пар екселанс. Искористен најлесниот начин по шаблон да се спинува. Имаме фотографија за која не се знае од кога датира и по кој повод е снимена, која се презема и се претставува како „доказ“ за приврзаност кон одреден политичар. Се разбира дека единствената логична причина зошто тоа се прави сега, е за одреден центар на политичка моќ да добие поени во предизборието.

Новинарските стандарди во овој текст се умрени и закопани.

ocЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Црвенковски идол и на други опозиционери

Датум и време на објавување: 02.04.2014, 16:55

Датум на рецензирање: 05.04.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитоста не може да се утврдува таму кај што нема факти, туку постојат само конструции и манипулации што го ставаат во втор план новинарскиот кодекс за сметка на некој друг, партиски кодекс.

Нема ниту извори на информации, ниту содржина. Новинарската работа е сосема „забаталена“, во смисла на тоа дека не е исконтактиран ниту еден извор, дури ни тие за кои се пишува. Понатаму, читателот останува покус за основни информации во смисла на тоа од кога датира оваа фотографија. Логичното прашање е што сакал авторот да каже…  Текстот е толку пристрасен штур и неиздржан што медиумски писмен човек ќе се запраша што е поентата на неговото објавување.

Пристрасноста, коментирањето и создавањето конструкции за содржини кои немаат буквално никаков јавен интерес се трите компоненти што се проткаени низ овој производ.

Оваа фотографија говори дека освен на нивниот кандидат за градоначалник, Црвенковски е идол и на други членови на опозицијата.

Сосема е веројатно целта да биде поврзување на сите опозиционери со Црвенковски, вклучително со Пендаровски при што се бираат нечесни, пропагандистички методи.

Освен непочитувањето на новинарскиот кодекс што налага да се објавуваат точни и проверени информации, или барем новинарот да се обиде да дојде до одговрот, овде станува збор и за содржина без јавен интерес, сѐ во обид да се дисквалификува кандидат во претседателската трка.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција