Прикриени информации за да помине невистината

04172014-Telegraf-crop-resize

[Рецензија: СОЦИЈАЛИСТИЧКА ИНТЕРНАЦИОНАЛА – СДСМ ѝ останува верен, Дачиќ ја напушта]

Ова е уште еден текст од оние за кои пред да почнат да се пишуваат се исцртуваат рамките и тезите кои треба да се поентираат. Доколку не е така, тогаш се работи за недозволива небрежност да се проверат фактите, бидејќи тие се сосема спротивни од она што го застапува овој текст. Како прво „застапувањето“ не е работа на новинарите, а како второ и во двата случаи, и да е однапред подготвена тезата, и ако се работи за небрежност, всушност зборуваме за непрофесионалност и за непочитување на новинарските стандарди.

04172014-TelegrafЛинк до оригиналниот напис: СОЦИЈАЛИСТИЧКА ИНТЕРНАЦИОНАЛА – СДСМ ѝ останува верен, Дачиќ ја напушта

Датум и време на објавување: 14.04.2014, 13.22

Датум на рецензирање: 17.04.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Привидно мотивацијата за овој новинарски текст е најавата на српскиот лидер на социјалистите Ивица Дачиќ, дека неговата партија ќе ја напушти Социјалистичката интернациоанала која ги обединува на светско ниво социјалдемократските партии, работничките и лабуристите, како и демократските социјалисти. Во текстот, кој претпоставуваме дека бил инспирација за медиумската содржина што ја рецензираме по наслов „Internacionalu pregazilo vreme“ (Интернационалата е прегазена од времето) објавена во српски „Данас“, насловот, а и  останатите елементи внатре, дека интернационалата е застарена организација и дека партијата на Дачиќ се чувствува дека е поблиска до Прогресивната алијанса, во која членуваат бивши членки на Соц-Интернационалата, но по своите принципи е многу поблиска до европските вредности.

И оттука произлегува однапред подготвената теза на новинарот чиј текст го рецензираме штом Дачиќ одлучува да биде со напредните, проевропските зошто тоа не би го направла и македонската партија на социјалдемократите, односно СДСМ.

Да прифатиме дека темата е легитимна, но однапред подготвената рамка во која мора да се стави, ѝ прават сериозен проблем.

За да ја оправда рамката, новинарот го прашал Генералниот секретар на СДСМ дали се задоволни од членството во Социјалистичка интернационала и дали имаат намера да ја напуштат. Одговорот не е битен, бидејќи вистинското прашање е дали таа партија ќе ѝ се приклучи на Прогресивната алијанса. Зашто ако било поставено тоа прашање тогаш ќе следувал одговорот дека СДСМ е веќе членка на бордот на Прогресивната алијанса. Тоа може да се види од веб сајтот на алијансата и тоа ќе потврди дека СДСМ е прогресивна партија блиска до европските вредности.

Но, однапред подготвената рамка не сака таа информација да стигне до јавноста.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција