Рецензија: Црвенковски најголем донатор на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ со „донаторски стандард“

FAKTOR-faktor_mk_archives_103186_utm_sourcerssutm_mediumrssutm_campaigncrvenkovski-najgole-crop-resize

Во текстот што го рецензираме се забележува една тендециознсот и тоа, пред сѐ, во насловот: „Црвенковски најголем донатор на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ со „донаторски стандард“. Ваквиот наслов прозвучува како поранешниот лидер на социјалдемократите да ја „храни“ партијата со значајни донации. Од друга страна, формулацијата  „донаторски стандард“, асоцира на тоа дека со донациите на владејачката партија нема ништо невообичаено, или, атипчно.

'Црвенковски најголем донатор на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ со „донаторски стандард“ I FAKTOR' faktor_mk_archives_103186_utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=crvenkovski-najgolem-donator-nЛинк до оригиналниот напис: Црвенковски најголем донатор на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ со „донаторски стандард“

Датум и време на објавување: 23.04.2014

Датум на рецензирање: 23.04.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

СУПТИЛНА МАНИПУЛАЦИЈА

Во текстот се пренесени податоци од извштаите на трите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за добиени донации за 2013 година. Овие податоци се објавени на сајтот на УЈП и тие се точно пренесени.

Меѓутоа, на еден малку посуптилен начин се манипулира со пласирањето на веста. Во тој контекст, треба да се каже дека истиот медиум пред  две недели (05.04.2014) имаше поопширен текст на оваа тема кој беше сосема коректен.

Материјалот што е предмет на оваа рецензија, всушност, е некоја скратена верзија на првиот напис, при што се додадени  детали само за некои донации (ДУИ). Деловите пак, кои се однесуваат за донациите на  ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ се речиси идентични во двата написа.

Во овој текст, имено, се повторува информацијата  дека лани на „сметката на ВМРО-ДПМНЕ  легнале 185 илјади евра од 190 донатори, кои главно давале по 1.000 а, само двајца по 2.000 евра“. Како и потадоците  дека „СДСМ од донатори собрала вкупно околу 5.185 евра, а уште 535 евра Партијата добила како попусти од различлни фирми“. Како најголем донатор на партијата  е посочен „Црвенковски кој во март, април и мај 2013 година на сметката на партијата префрлил 4.836 евра.“

Интересно е што, неименуваниот автор не забележал, на пример, дека  владејачката партија имала 10 пати поголем број донатори и добила 37 пати повеќе донации отколку опозицијата! Но, затоа му паднала во очи донацијата на Црвенквски , па во ова репризно издание на Извештајот за партиските донации, токму овој момент го извелкол  во насловот. Иако, тоа е сосема легитимно право на авторот, сепак, во случајот остава впечаток на тенденциозност.

 

НЕ МОЖЕ БЕЗ ЦРВЕНКОВСКИ!

Всушност, во новиот текст има подетални информации само за  донациите што се однесуваат на ДУИ.  И токму на тие детали  е посветен половина од  написот. Па така во текстот се наведува:

„Од 2.000 па до максимални 307.000 денари легнувале на сметката на Демократската униа за интеграција во 2013 година од различни донатори. Во извештајот на ДУИ доставен до ревизорите се гледаат и уплати од државни институции и јавни претпријатија – ЈП Македонски Железници – Инфраструктура, Министерство за земјоделство, АД Македонска Пошта и други.“

 

Посебни уплати се вршеле и преку поштите во Гостивар и Охрид и преку Пошта 2, а на сметката легнувале пари и преку Министрството за здравство и Агенцијата за катастар за недвижности.

Во  текстот е пренесен и ставот на ДУИ ( што е сосема во ред), од каде појасниле дека  уплатите се однесуваат на членарина, која преку задршка од месечната плата ја платиле членовите на ДУИ вработени во одредени  институци:

„Преку Собранието за сите пратеници од  ДУИ на Партијата и биле префрлени 96.000 денари, додека преку Македонскапошта за четворица вработени меѓу кои и дректорот Равиз Алити биле исплатени 114.400 денари“. 

Сепак, овие нови информации за уплата на членарината во ДУИ преку државни институции, како и поединечните донации од  5.000 евра на сметаката на ДУИ, кои  за првпат се објавуваат  во овој текст, очигледно,  биле  помалку атркативни од старата и веќе објавена информација за донацијата на Црвенковски.

 

ЗБУНУВАЧКИ НАСЛОВ

Гледано од содржински аспект веста има доволно штоф и може да се каже дека ги има основните елементи на сеопфатност. Но, спинерската конструкција во насловот, генерално влијае на впечатокот дека написот не е до крај искрен  во намерата коректно и непристрасно да ја информира јавноста.  Исто така, од самиот наслов не може да се заклучи дека  се работи за Извештај на политичките партии за добиените донации минатата година. Вака како што е пласиран написот, на четири дена пред двојните избори, делува некако збунувачки.

Може да се сфати дека Црвенковски, иако официјално се повлече од кормилото на СДСМ и од политичкиот живот, сепак,  во овој период  ја полнел сметката на Партијата!  Читателите, нели, не можат, а и не мора, да ги знаат законските прописи, кои се однесуват на обврските на партиите да поднесат годишен  извештај за донациите. Но, затоа,  медиумите се должни на јавноста да и испорачаат  јасна, чиста и необременета  информација.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција