„Само добар Албанец заслужува да биде Македонец, или во најмала рака – со потекло од Македонија“

04292014-Kuri-za-Rene-Redze-crop-resize

[Рецензија: Ресторан на Македонец четврти пат прогласен за најдобар во светот]

Уредувачката политика на еден медиум не може да има двојни стандарди, не може да се однесува како флипер, па како ќе го чукнат, односно притиснат, така да тилтува, односно да пишува. Ако зборуваме за релевантна уредувачка политика која се потпира врз цврсти вредносни столбови, таа мора така и да се практицира: континуирано и јасно препознатливо од публиката. Особено кога станува збор за важните, темелни, етички прашања како што е известувањето за различностите во мултикултуирни средини, каква што, всушност, е и нашата.

Многу е несериозно еден ден, во еден текст, еден ист медиум, да шири хомофобија, нетолеранција со говор на омраза, а веќе наредниот ден, во друг текст, во тој ист медиум, да се релативизира етничката припадност. Во тесктот со наслов „Која е невладината „Цивил“?“ Џабир Дерала беше Албанец, кој е платеник на Сорос и поддржувач на хомосексуалците, а во овој текст Рене Реџепи во насловот е Македонец, а внатре во текстот е Албанец со потекло од Македонија(?!?)

04292014-Kuri-za-Rene-RedzeЛинк до оригиналниот напис: Ресторан на Македонец четврти пат прогласен за најдобар во светот

Датум и време на објавување: 29. 04. 2014, 11:19

Датум на рецензирање: 29.04.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Одамна е кажано дека стереотипите се непријатели на доброто новинарство! Секој е различен, и таа разноличност не произлегува од некакви шеми кои се еднакви на етничката припадност. Тие произлегуваат од индивидуалните карактеристики и сопствениот систем на вредности. Никогаш не треба да се портретира однесување на еден човек како да е карактеристично за цела група или заедница и обратно. Џабир Дерала не е активист за човекови права затоа што е Албанец, ниту пак има нешто страшно Албанец да биде активист за човекови права. Исто како што Рене Реџепи не е добар готвач зашто е Македонец, според насловот на текстот што го рецензираме, ниту, пак, сите Албанци со потекло од Македонија (повторно конструкција на медиумот) не се задолжително добри готвачи.

Токму двојните стандради на медиумот што го објавил текстот, што,пак, ја пооттикна оваа рецензија, парадоксално, но најдобро ја отсликуваат бесмисленоста на етнноцетристичката позиција на било кое новинарство. Како да ја олицетворува парафразата „Само добар Албанец заслужува да биде Македонец, или во најмала рака – со потекло од Македонија“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција